САД ги предупредија своите државјани и туристи во Бугарија: Избегнувајте божиќни базари, можат да бидат мета на терористички групи!
Амбасадата на САД во Софија, денеска издаде безбедносно предупредување за американските државјани и туристи во Бугарија и низ цела Европа, за зголемена будност во пресрет на претстојните божиќни и новогодишни празници.
Главни причини за предупредувањето се, како што се наведува, ризикот од терористички напади и криминал.
„Големите собири, празничните фестивали и јавните настани можат да бидат мета на терористички групи или поединци без претходна најава“, се наведува во предупредувањето.
Како можни цели се наведуваат божиќните базари, транспортните центри, трговските центри, верските објекти и други фреквентни туристички локации.
Се предупредува и на можни прекини во патувањата поради зачестените штрајкови и демонстрации во последните месеци, со акцент на лажните дојави за бомби кои се случија овој месец и кои беа насочени кон цивилното воздухопловство во Бугарија и во повеќе европски земји, што предизвика доцнење на летовите.
Американските државјаани и туристи кои се во Бугарија се советуваат да имаат зголемена будност на јавни места и добро да ги обезбедат своите лични работи на преполни места, да избегнуваат демонстрации и области со зголемено полициско присуство, редовно да ги следат локалните медиуми, да ги проверуваат своите летови кај авиокомпаниите и да ги почитуваат насоките на локалните власти.
Амбасадата на САД во Бугарија ги поттикнува своите државјани да се регистрираат во програмата Smart Traveler Enrollment Program (STEP) за навремено добивање итни безбедносни известувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ги предупредија своите државјани и туристи…
Амбасадата на САД во Софија, денеска издаде…
ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ИЗРАЕЛ: Опозицијата го обвини…
Израел се соочува со нова сериозна политичка…
Нова трагедија во мак-фудбалот: почина Владимир Секуловски
Македонскиот фудбал повторно е во тага, денеска…
Ахмети: Предвремените парламентарни избори се најсоодветниот одговор…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, смета дека…
ЕУ одобри најголема транша помош за Украина…
Советот на Европската унија одобри исплата на…