Вреди му одговори на Ахмети: Вашите министри играа фудбал наместо да донесат квалитетен закон за албанскиот јазик
Писмото на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената употреба на албанскиот јазик, е само пропаганден памфлет. Неговата цел е да ја зголеми конфузијата и да ги продлабочи поделбите и нејаснотиите кај граѓаните во врска со службената употреба на албанскиот јазик, се вели во одговорот на Вреди на писмото на лидерот на ДУИ.
„Во 2008, 2011 и 2018 година, во три владини мандати, еднаш со ВМРО, а еднаш со СДСМ, Вие и партијата што ја водите усвоивте три различни закони за албанскиот јазик. Еднаш го нарековте „јазик на 20-те проценти“, а друг пат јазик објаснет во фуснота и во загради. Еднаш дури направивте збир на одредби од неколку различни закони што се однесуваат на употребата на јазикот и ги препишавте во еден единствен текст, кој го крстивте „Закон за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од населението на државата“. Овој закон го усвоивте во летото 2008 година, по скратена постапка во Собранието, без дебата и без расправа на пленарна седница, без ниту еден амандман и без да се вградат забелешки за законот да се подобри. Тивко, како од срам, го прошверцувавте законот за албанскиот јазик, токму оној закон за кој денес зборувате со толкав жар, велат од Вреди.
Според владејачката партија, ДУИ и Ахмети никогаш не успеале албанскиот јазик да го направат целосно рамноправен со македонскиот јазик на институционално ниво. Од Вреди додаваат дека манипулацијата со албанскиот јазик, како најважен идентитетски симбол на Албанците, им обезбедил долго владеење, а последиците од половичните решенија се чувствуваат секојдневно.
Тие го потсетуваат Ахмети дека додека бил на власт омилен говор му бил тој за компромисите и дека секогаш кога се проблематизирале решенијата што требало да произлезат од Охридскиот договор, неговата интервенција била да објасни дека „станува збор за компромис меѓу страните“.
„На тој начин, на Албанците редовно им се велеше дека сезонските закони за употреба на јазикот се „добар компромис“ и дека „компромисите никогаш не се апсолутно задоволителни за ниту една страна“. Во еден момент дури изјавивте и дека „албанскиот јазик и неговата службена употреба не се приоритет за решавање“, велат од Вреди.
Според владејачката, поради тоа правосудството и правната практика, албанскиот јазик го оставила без решение и дека албанскиот јазик не е службен ниту во банките, ниту во армијата, ниту во полицијата.
„Ахмети сега се актуелни судењата за злоупотреба на службената положба на вашите најблиски партиски соработници. Се поставува прашањето: ако, како што тврдите вие, албанскиот јазик е службен во судската практика, тогаш зошто вашите соработници зборуваат македонски на судските седници? А вашите внуци бизнисмени, веќе познати по своите бројни бизниси во енергетиката и во други профитабилни области, дали некогаш разговарале со вас и дали ве известиле дека во Централниот регистар, каде што ги регистрираат своите бројни компании, целата документација се издава само на македонски јазик? Вашите роднини многу добро знаат дека албанскиот јазик воопшто не е службен во оваа важна државна институција, бидејќи вашиот закон за албанскиот јазик не ги обврзува на тоа. Но, можеби внуците моментално имаат други приоритети во животот и немаат време да се занимаваат со „фолклорни прашања, какво што е албанскиот јазик“, велат од Вреди.
Од партијата констатираат дека решението од 2019 година ја прави примената на албанскиот јазик во институциите доброволна, а не задолжителна, што значи не и службена. Дека ниту банка во Македонија не дозволува кореспонденција на друг јазик освен на македонски. Дека албанскиот јазик не е службен ниту на полициските, ниту на армиските униформи, ниту во медицинските документи, ниту кај адвокатите, нотарите, извршителите и дека сето тоа е последица на Законот за употреба на албанскиот јазик, усвоен од ДУИ.
„Можеби немате точни информации каков осакатен закон усвоил вашиот „историски тим на министри“ во владата затоа што, наместо да работат на квалитетот на законите, тие, легендарните министри, времето го минуваа играјќи фудбал во канцелариите, додека на вистинскиот политички терен партнерите во власта им даваа голови еден по еден. Ова се само некои од „успесите“ на Законот за албанскиот јазик според аршините на ДУИ, велат од Вреди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вреди му одговори на Ахмети: Вашите министри…
Писмото на Али Ахмети, во кое тој…
Тројца функционери на Вреди биле задржани на…
Тројца функционери на партијата Вреди, координаторот на…
Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…
Вреди обвини дека дел од студентските протести…
ДУИ: ВЛЕН избра двајца кормилари на бродот…
Вчерашниот чин, каде што неколку политички субјекти…
Меџити: Ново поглавје за Албанците во Македонија,…
Еден од лидерите на Вреди, Изет Меџити,…