Во владината кошничка нема трошок за кирија, над 90 проценти од граѓаните живеат во сопствени домови, вели Дурмиши
Разликите меѓу синдикалната и владината потрошувачка кошничка се должат на различниот начин на пресметување и опфатот на производи и услуги, објасни денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој нагласи дека синдикалната кошничка не претставува минимален износ на трошоци, туку посакувана потрошувачка за едно четиричлено семејство.
Дурмиши појасни дека при изработката на владината потрошувачка кошничка Министерството користело податоци од надлежните институции, со цел да се прикажат просечните месечни трошоци на едно четиричлено семејство.
Како една од главните разлики меѓу двете пресметки го посочи изборот на производи и услуги. Според него, синдикалната кошничка опфаќа и тутун, алкохол и одредени прехранбени производи кои не се продаваат и не се консумираат во сите периоди.
Министерот посочи дека владината кошничка содржи повеќе од 100 производи, а како пример ја наведе разликата во растот на двата износа во претходниот месец. Според неговите податоци, владината кошничка се зголемила за 900 денари, додека синдикалната за 400 денари.
Разлика има и во пресметката на трошоците за домување. Дурмиши објасни дека во владината кошничка не е вклучена кирија, бидејќи, според статистичките податоци на кои се повикува Министерството, над 90 проценти од граѓаните живеат во сопствени домови. Од друга страна, синдикалната кошничка предвидува и трошок за изнајмување стан.
Осврнувајќи се на можноста за поскапување на електричната енергија и последиците врз домаќинствата, компаниите и инфлацијата, Дурмиши рече дека досега донесените мерки на Министерството сè уште се во сила. Меѓу нив се намаленото ДДВ за нафтените деривати и намалувањето на акцизата.
Тој додаде дека институциите ја следат состојбата и дека, доколку дојде до нови поскапувања, Министерството ќе постапува во рамките на своите надлежности.
Сепак, нагласи дека одлуките поврзани со цената на електричната енергија се во надлежност на Министерството за енергетика, од каде што треба да произлезат евентуалните предлози за мерки, кои потоа би поминале низ владините процедури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во владината кошничка нема трошок за кирија,…
Разликите меѓу синдикалната и владината потрошувачка кошничка…
Митева: Незаконски наплатените средства од компаниите за…
Денеска сакаме да ја информираме јавноста за…
Студентската листа: Блиску сме до договор за…
Студентската листа е блиску до решение за…
Мицкоски: Владата е најстабилна во овој дел…
„Владата се избира со мнозинство од 61…
Владата најави можност за докуп на до…
Граѓаните на кои им недостигаат до 24…