Aко барате работа пријавете се: „Бехтел и Енка“ организираат Саем за вработување, можност да се разгледаат понудите на овој конзорциум, пишува Груби
Конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорите 8 и 10д утре во Агенцијата за вработување во Гостивар организира „Саем за вработување“.
Оваа информација ја соопшти заменикот на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Груби на неговиот Фејсбук профил напиша дека сите заинтересирани за работа ќе имаат можност да се запознаат со понудите на овој конзорциум при изградбата на автопатските делници на Коридорите во следните пет години.
Градиме за новите генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на нашата земјата. Со задоволство ве информирам дека конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорот 8 и 10д оваа недела го организира „Саемот за вработување“. Сите заинтересирани за работа ќе имаат можност да се запознаат со можностите што ги нуди овој конзорциум при изградбата на автопатските делници на Коридорите во следните пет години, пишува на Фејсбук профилот на Груби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…
Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…
Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…
Москва oд Абу Даби: НАТО да се…
Русија го покрена прашањето за враќање на…
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…