Aмериканската амбасада во Софија: Погрешни разбирања на американската политика во регионот по однос на македонското малцинство во Бугарија
САД ги поддржуваат напорите на владите на Бугарија и на Република Македонија да работат заедно со ЕУ за решавање на билатералните прашања, соопшти Американската амбасада во Софија.
Во писмен допис до БНР, Амбасадата наведува дека Администрацијата на САД пред бугарската Влада не го покренала прашањето за македонското малцинство во Бугарија, туку дека разговорите со Софија се фокусирани на заедничката визија за посилна, попросперитетна и обединета Европа преку интеграција на сите нејзини делови, вклучително и на Западниот Балкан.
Од Амбасадата нагласуваат и дека интервјуто на заменикот државен секретар за Западен Балкан, Габриел Ескобар за Гласот на Америка довело „до некои погрешни разбирања на американската политика во регионот“.
Гласот на Америка пред два дена јави дека во интервју за медиумот Ескобар меѓу другото изјавил и оти „Амбасадата на САД во Софија работи со бугарската Влада на прашањата за почитување на правата на македонското малцинство во Бугарија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Голем протест во Софија по хибридните…
Стотици луѓе протестираа во четвртокот вечерта во…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…