Aпсење како на филм: Уапсен дилер на кокаин на наплатната станица Сопот

t

На 17.06.2022 на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода Д.Г.(19) од Кавадарци.

По претходно добиена судска наредба, било запрено возилото „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и при личен претрес кај него биле пронајдени и одземени околу 100 грама кокаин и пари.

Исто така, при претрес во неговиот дом во Кавадарци, извршен со судска наредба, биле пронајдени пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на ЦИА не се сретна со…

Рускиот претседател Владимир Путин не се сретнал…

БИРН: Над 90 отсто од приватните базени…

Во време на долги топлотни бранови, континентални…

Бактерија во јајца предизвика масовна зараза: Над…

Најмалку 306 случаи на инфекција со салмонела…

Глутница кучиња нападнала маж во Ѓорче Петров,…

Жители на улицата „Македонска војска“ во скопската…

Прскање против комарци во пет општини во…

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион…