Објавено на:

Aрсовска: Градот Скопје континуирано работи и поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на лицата од аутистичен спектар

t

Денеска во Музејот на македонската борба на настан во организација на Македонското научно здружение за аутизам, се промовираа пријателските места за аутизам во Скопје и Македонија.

Концептот „Пријателски места за аутизам“ е создаден за да одговори на потребите на лицата од спектарот на аутизам. Тој е дел од активностите од сегментот на социјалната инклузија и има за цел да обезбеди поголема пристапност за лицата и децата со аутизам во општеството.

Градот Скопје континуирано работи и поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на лицата од аутистичен спектар и нивните семејства. Подржуваме проекти за развој на вештини за подготовка децата со аутизам за училиште, за спроведување на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи, за ран третман како значаен фактор за подобра инклузија на деца со попреченост, како и за Центарот за рана интервенција. Проектите се значајни и вклучуваат примена на научни методи првенствено за едукација и развој, како и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи. На децата им се овозможуваат индивидуално дизајнирана најсовремена терапија за сензорна интеграција со вклучен логопедски и дефектолошки третман, што има за цел подобрување на квалитетот на живот на овие дечиња.

На промоцијата на „Пријателски места за аутизам“, покрај членовите на Македонското научно здружение за аутизам, присуствуваа и директори и членови на стручните тимови при основните училишта, родители на деца со аутизам и установи кои се пријателски места за лица со аутизам, како и организации од културата, социјалната и здравствената заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…

Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…

(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…

Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…