Aрсовска утре ја промовира партијата – ова е името!
Утре среда градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ја промовира партијата чиј претседател ќе биде токму таа.
„Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива ѓа Данела Арсовска. Конвенцијата ќе се одржи утре 17.01.2024 (среда) во 18 часот“, стои во поканата до медиумите.
Неодамна Арсовска најави формирање на нова политичка партија, а главен адут за формирањето на партијата се актуелните полтички елити кои ги менуваат позициите, а во суштина во државата ништо не се менува.
-Toa значи дека сме во постапка да им покажеме на граѓаните дека може поинаку од овие изминати 30 години кога овие две политички елити само си ги менуваат позициите, а остануваат со истите ставови и едвај чекаат да ја зафатат фотелјата и да продолжуваат да го прават истото против кое претходно кажувале дека ќе се борат. Да им укажеме на нашите граѓани дека некој може да дојде и да работи поинаку. Се додека се прават работи за задоволување на индивидуалните потреби на некој од политичарите од оваа корумпирана политичка елита, нема да има напредок. Ако можам јас сама како индивидуалец да покажам дека може поинаку, верувам дека со сите луѓе кои ме поддржуваат, а голема е бројката на тие граѓани, ќе можам да покажам многу повеќе, кажа Арсовска во телевизиско интервју.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНОЗИНСКИОТ СОПСТВЕНИК ВО „ИЛОВИЦА“ ИНВЕСТИРА НАД МИЛИЈАРДА…
Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата…
ЕУ ПОВИКА МАКЕДОНИЈА ДА СЕ УСОГЛАСИ СО…
Официјален Брисел очекува Македонија да се приклучи…
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…