Chrome добива нови функции базирани на вештачка интелигенција

t

Google објави дека додава нови функции на прелистувачот Chrome, кој ќе се базира на вештачка интелигенција (AI).

Со помош на овие функции, корисниците ќе можат, меѓу другото, автоматски да ги групираат табовите, како и да користат виртуелен асистент за внесување текст на сајтови кои нудат текстуални полиња.

Функцијата Tab Organizer им овозможува на корисниците автоматски да ги групираат табовите со слични теми, како што се вести или онлајн купување, и ќе се активира со десен клик.

Според програмерите на Google, ова ќе ја поедностави навигацијата и ќе им овозможи на корисниците да се фокусираат на содржината на табовите.

Според планот на компанијата, функцијата Help Me Write ќе биде додадена на прелистувачот Chrome во февруари и ќе им помогне на корисниците да креираат текстови во сите достапни полиња на веб-страниците.

Треба само да кликнете со десното копче на кое било поле за текст и да ја изберете споменатата функција.

Help Me Write, исто така, ќе им помогне на корисниците да пишуваат пораки преку интернет или рецензии на онлајн купувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските телевизии ја прекинаа програмата во сеќавање…

Сите телевизии во Србија ја прекинаа програмата…

(Видео) Оро на Прешево, Србите кои чекаа…

Празничниот продолжен викенд создаде долги колони на…

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало…

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил…

Шефот на британската дипломатија: Испраќањето НАТО војници…

Министерот за надворешни работи на Британија Дејвид…

Лајчак: Вучиќ и Курти имаат мандати за…

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот…