Kим Мехмети покажа дека можат уште порадикално: Наместо Заедница на албански општини, Албанска Република во Македонија!

t

„Наместо челниците на албанските партии во Македонија да го бараат она, што го постигнаа Србите во Босна – значи ‘Албанска Република’ во Македонија – тие сега се огласуваат со смешно барање за ‘Асоцијација на општини’.“ – вели публицистот и политички аналитичар Ким Мехмети во својата колумна со наслов „Не ‘Асоцијација на општини’, туку ‘Албанска Република’ во Македонија!“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Мехмети пишува: Една албанска партија, неодамна исфрлена од владејачката коалиција, наеднаш ја оживеа жилата-дамар на албанството и предложи дека и Албанците во Македонија бараат Асоцијација на албански општини, како што и Србите сакаат да имаат Асоцијација на српски општини во Косово. Ова не е прв случај, кој докажува дека партиите на Албанците од Македонија изгледаат како да се изразено прозападни и продржавни – а многу згодни за Македонците и за ‘нашите западни пријатели’ – но duri откако ќе се најдат на ‘патот’ тогаш им текнува дека поправо морале да бидат само проалбански.

Сега се поставува логичното прашање: што е тоа што го парализира националниот и проалбанскиот нерв на овдешните албански партии додека се на власта? Тендерократијата’ им го задушува албанскиот нерв додека се на власт, но кога ќе се најдат надвор од колепката на државата тогаш им заживуваат националните чувства. Кога ќе се најдат во опозиција челниците на албанските партии во Македонија тогаш во овој конкретен случај ги крадат српските идеи и проекти, односно ментално се претставуваат како „ретардирани Срби“.

Тие прават непростлива грешка: 30 проценти Албанци во Македонија ги изедначуваат со еден автобус косовски Срби. Наместо челниците на албанските партии во Македонија да го бараат она, што го постигнаа Србите во Босна – значи ‘Албанска Република’ во Македонија – тие сега се огласуваат со смешно барање за ‘Асоцијација на општини’, што е слично на барањето на Албанците од Прешевската Долина и од Црна Гора.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН: До 2100 година Македонија може да…

Алармантни податоци за демографската слика во Македонија.Доколку…

Ким Џонг-ун доби овластување да командува со…

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун доби дополнителни уставни…

(Детали) Ја нокаутирал, па ја влечел со…

Мајката на момчето кое што е осомничено…

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…