Mицкоски: Малите држави не можат да си дозволат луксуз да бидат рамнодушни кон меѓународните правила
Малите држави не можат да си дозволат луксуз да бидат рамнодушни кон меѓународните правила, бидејќи последиците од геополитичките грешки за нив можат да бидат многу потешки отколку за големите сили, порача премиерот.
Зборувајќи за историското искуство на Македонија, тој потсети на периодот по распадот на Југославија и на превентивната мировна мисија на ОН во земјата.
„Нашиот регион, меѓутоа, живееше во сосема поинаква реалност. Југославија се распаѓаше во крвопролевање. Војни се водеа непосредно зад нашите граници.“
Македонија, рече тој, во тие околности го избрала мирот и стабилноста, а ОН ја воспоставиле првата превентивна мировна мисија во историјата на Организацијата.
Од тоа искуство, според премиерот, произлегува важна лекција:
„Мирот не започнува кога војната ќе заврши. Мирот започнува кога политиката е доволно мудра да спречи војната воопшто да започне.“
Токму малите држави, според него, поинаку ја гледаат меѓународната политика.
„Големите сили имаат простор за стратешки пресврти што малите држави едноставно го немаат.“
Потоа следуваше една од највпечатливите реченици во говорот:
„За голема сила, погрешна геополитичка проценка може да значи промена на стратегијата. За мала земја, истата грешка може да значи изгубена деценија.“
Затоа Македонија, како мала држава, не може да биде рамнодушна кон правилата, но ниту да очекува тие да се одржат сами.
„Ниту можеме да веруваме дека правилата сами ќе се одбранат“, вели тој
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…
Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…
(Видео) Ахмети: Македонија не е на Мицкоски…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, синоќа одржа…
Сопственикот на Алта банка Давор Мацура се…
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал во…
Малолетник натепан од мајка му и сестра…
Гостиварчанка пријавила во полиција физички напад врз…