Mногу сериозна aмбасадорката на фотографијата: Средба на министерот Муцунски со амбасадорката на Грција, Филипиду
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска остварил средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду, на која изразил уверување дека земјава е силно посветена на натамошно унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка со Грција, пред сѐ како НАТО партнери и сојузници.
Како што соопштија од МНР, министерот Муцунски истакнал дека наш интерес е градење добрососедски односи во функција на безбедност, стабилност и просперитет на Регионот.

– Земјава останува определена кон натамошно унапредување на билатералните односи, преку отворен дијалог за сите прашања од заемен интерес, а во функција на нејзино збогатување со нови содржини и во полза на просперитетот и благосостојбата на граѓаните од двете земји, се наведува во соопштението од МНР.
Соговорниците го реафирмирале интересот за интензивирање на економската соработка, дотолку повеќе што Грција е меѓу петте земји со кои Република Северна Македонија оствари најголем обем на трговска размена во изминатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…
„Макрон секогаш сфаќа погрешно“ – Трамп го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална…