Meхмети поплука по Рама за бугарските медиуми: Тој бил заколнат Србин

t

По вчерашната изјава на албанскиот премиер Еди Рама на Бледскиот стратешки форум дека „си велел кој кого сега ќе нападне на панел дискусијата, Бугарија Македонија, Хрватска Србија, Србија Косово, БиХ самата себе, Грција Албанија, а Црна Гора ќе се излежува на плажа“ агенција БГНЕС со анализа на неговиот говор.

Посебен осврт направија за изјавата на Рама со која Бугарија ја споредува со Русија.

БГНЕС сега ја пренесува реакцијата на аналитичарот Ким Мехмети кој вели дека Рама „е заколнат Србин“.

„Не еднаш досега премиерот на Албанија критикуваше функционер на Софија поради нејзиниот однос кон Македонија и македонскиот народ. Нешто што може ги изненади само оние кои сè уште не го разбрале тоа – по политички убедувања и ставови тој е заколнат ‘Србин’ и како таков гледа наоколу со очи на официјален Белград“, вели Мехмети за БГНЕС.

Според него, Рама е заслепен од љубов кон „браќата Срби“, па не сфаќа дека дава придонес во раскинувањето на, како што вели, вековните пријателски односи со Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…