Oва веќе не е ни смешно: По фашистите „Ванчо“ и „Борис“, и трет Бугарин ќе добие здружение во Македонија без дозвола

t

Oва веќе не е ни смешно. Клубови на контроверзни бугарски личности никнуваат на секој чекор во Македонија. По Клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ кои беа отоворени без позитивно мислење од Министерството за правда, се најавува ново здружение.

Него го најави бугаркиот активист Виктор Стојанов. Тој на Фејсбук напиша дека наскоро во Богданци ќе се отвори клуб „Цар Фердинанд“ и тоа во Богданци.

Малкумина знаат кој бил бил Царот Фердинад
Тој бил цар на Бугарија в од 1908 до 1918 година. Тој бил син на принцот Август Сакскобурготски и на принцезата Клементина Бурбонско-Орлеанска, ќерка на последниот француски крал Луј-Филип. По падот на Стефан Стамболов и Мелничкото востание, кнезот Фердинанд бил признаен за законит владетел.

На 22 септември 1908 година, во црквата “Свети Четириесет маченици” се одржала грандиозна верска свеченост на која била прогласена независноста на Бугарија, а Фердинанд I бил прогласен за „цар на Бугарите“, со што била возобновена титулата од Првото и Второто Бугарско Царство.

На крајот од Првата светска војна, Фердинанд знаел каков ќе биде односот на сојузничките сили и ги надитрил сите за да не им овозможи да биде срамно соборен. На 3 октомври 1918 година, Фердинанд I абдицирал во корист на својот најстар син Борис.

Остатокот од животот го поминал во прогонство, живеејќи во градот Кобург во Германија. Патувал и низ Јужна Америка и источна Африка, а се обидувал и да се врати во Бугарија, но неговиот син, Борис, тоа никогаш не му го дозволил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан им ја честиташе победата на Силјановска…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја честиташе победата…

Стево го победи СДСМ со над 90.000…

Според досегашните резултати од вториот круг на…

ПАДНАА ПРВИТЕ ОСТАВКИ ВО СДСМ – си…

Ова е неговиот интегрален текст објавен на…

Апасиев: Левица ќе продолжи за петпати појако…

По 85% од пребројани гласови, партијата Левица…

Вучиќ и ја честиташе победата на Сиљановска-Давкова

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва и ја…