Tрајанов: Мицкоски не кажал дека ќе го врати името
Проектот „Белград на вода“ е најголема грешка што ја направи Вучиќ. Сега во сред Вардар, ние ставивме два брода и дигнавме паника. Кај него, бидејќи сум бил неколку пати таму, го затвори движењето на воздухот во Белград. Што значи да градите згради во Белград? Тоа сега е мотивирано од друг аспект, изјави синоќа лидерот на ДС, Павле Трајанов во емисијата „Само вистина“.
Трајанов се осврна и на Преговарачката рамка со ЕУ и условот за уставни измени.
-Ако се развлечеше договорот 2-3 месеци и се добиеше поголема согласност и од ВМРО-ДПМНЕ, ќе се обезбедеше 2/3 мнозинство и тој процес ќе течеше. Одговорноста ја носи СДСМ. Затоа сега истото го прашуваат од партијата дали ќе се репреговара со Бугарија, дали ќе се врати името…Има работи кои што државата прифатила ратификување на договор и не би можела да го менува…, кажа претседателот на ДС во својата реплика до другиот гостин во емисијата, лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски.
Притоа Трајанов ја обвини поранешната влада предводена од СДСМ, во која и тој, одреден период беше нејзин член.
-Никогаш немало ваква опција, барем јас не сум слушнал, дека Мицкоски дал изјава како лидер на партијата дека ќе го врати името. Јас бев во кампањата и таква работа немало. Проблем беше дали ќе го користат уставното име. Јас не можам да видам став на партијата дека ќе го вратат името назад. Реалноста мора да се респектира, додаде Трајанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…
Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…
(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…
На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…
Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…
Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…
Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…
Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…
Запрен романски камион во возната лента можеби…