Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење
Според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече и триесетдневната кризна состојба на територијата на општината, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
– Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт, локалната самоуправа да се погрижи гостиварчани понатаму да пијат чиста и безбедна вода – рече Ангелов.
Кризната состојба во Општина Гостивар беше прогласена страна на Владата на 20 јули, поради загадување на водата за пиење и неможноста на локалната самоуправа да се справи со настанатата состојба и епидемијата што погоди неколку илјади граѓани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар –…
Според последните анализи, водата во Гостивар е…
Две сообраќајни несреќи во Скопје: Тешко повредени…
Вчера, во рок од неколку часа, во…
Криза во Русија: Бензин има на само…
Русија се соочува со сè поголеми проблеми…
Неготинец измамен за близу 27 илјади денари…
Неготинец бил измамен за близу 27 илјади…
Филмски грабеж во Суботица: Ја претепа вработената,…
На улицата „Рудиќ“ утринава во Суботица се…