Ангелов: Кај пожарот на Пелистер е повреден возач на булдожер, а не двајца пожарникари, се работи за недоразбирање

t

Пожарот што избувна од преспанската страна и се движи кон Националниот парк „Пелистер“ и понатаму е најтежок и најкомплексен за гасење во земјава, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Во овој момент дејствуваат ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување како поддршка на пожарникарите од Битола, од Ресен, огнените тимови составени од доброволци на Дирекцијата за заштита и спасување, како и неколку пинцгауери“, изјави Ангелов.

Тој ги демантираше информациите дека во интервенцијата биле повредени двајца пожарникари – вели, настанало забуна.

„Возач на булдожер при скок од булдожер ги повредил ребрата, најверојатно има напукнати ребра, нема скршени ребра, згрижен е во болница, се чувствува добро. Значи, се работи за мало недоразбирање, нема повредени пожарникари има повреден возач на булдожер“, посочи Ангелов.

Во гаснењето се вклучени пожарникари од Ресен и Битола, огнени тимови на ДЗС, механизација, ер-трактори и армиски хеликоптер.

Ангелов информира дека синоќа пожарот бил благо ставен под контрола, а на терен цела ноќ дејствувале и доброволни пожарникари од Битола. Со механизација била направена и противпожарна пресека над боровите за да се спречи понатамошното ширење на огнот.

Рано утрово во гаснењето се вклучил и армиски хеликоптер со ведро од три тони, кој успеал да изгасне неколку критични точки. Сепак, со зголемувањето на температурите повторно се појавиле жаришта и чад на повеќе позиции.

Претходно, од НП „Пелистер“ посочија дека имало повредени двајца пожарникари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ангелов: Кај пожарот на Пелистер е повреден…

Пожарот што избувна од преспанската страна и…

Албанија забранува телефони, чипсови и грицки во…

Албанија од новата учебна 2026/2027 година воведува…

ЗНАМ: Во Македонија нема место за глорификација…

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија остро…

Повредени двајца пожарникари при гаснење на пожарот…

Двајца пожарникари се повредени при интервенцијата за…

За 24 часа горело на 10 места:…

На ден 30.08.2026 година, до 13:00 часот,…