Апасиев го праша премиерот дали му ветил професорско место на Костадиновски, Мицкоски кратко одговори „не“

t

Пратеникот и лидер на Левица на денешната собраниска седница за прашања од опозицијата го праша премиерот Христијан Мицкоски дали лично стои зад „проект за вдомување“ на актуелниот претседател на Уставен суд, Дарко Костадиновски, на некој од државните универзитети по истекот на мандатот.

Упатувајќи го пратеничкото прашање Апасиев побара јасен одговор од Мицкоски, нагласувајќи дека информациите со кои располага доаѓаат од повеќе извори. „Дали вие лично стоите зад овој проект за вдомување на Дарко Костадиновски на некој од државните универзитети во Република Македонија после завршувањето на неговиот мандат како претседател на Уставниот суд?“, праша Апасиев.

Притисоците, како што истакна Апасиев, биле прво кон УКИМ, но „династичкиот систем се самозаштитува“, па заради тоа истите се насочиле кон второрангираниот државен универзитет, каде што било употребено името на Мицкоски. „Се прават обиди да се вдоми на катедри каде што не ги исполнува условите, па дури и да се протурка во научно звање за подоцна да стане доцент“, рече тој.

Во своето обраќање Апасиев истакна дека наместо „генерички настапи“, решил да поставува конкретни прашања со имиња и презимиња зато што, како што истакна „системот не е апстрактни поими, туку конкретни луѓе“.

Образложувајќи го прашањето Апасиев изнесе низа тврдења за професионалната кариера на Костадиновски и кажа дека станува збор за долгогодишен државен функционер кој, како што рече, изградил мрежа на влијание. „Човеков е цел живот на државна функција и не може да биде ништо друго освен пак на државна функција. Оттука си направил мрежа во којашто ви кажав, од три извори ми се потврдени информациите, ве споменувал лично Вас“, истакна Апасиев.

Дополнително Апасиев посочи и дека во мај Мицкоски станува премиер, во јуни Костадиновски станува претседател на Уставниот суд, а во 2025 неговата сопруга станува судијка во Апелација. „Веднаш потоа почнува со хвалоспеви за Владата, што е досега нечуено за уставен судија“, рече пратеникот.

Мицкоски на прашањето одговори единствено со „Не”, по што пратеникот Апасиев му одговори дека јануари не е далеку и дека ќе го потсети на неговиот одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…

Апасиев го тужи Собранието

Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија…