Борис Стојменов ги открива тајните на криминалната приватизација: Како илјадници евра беа украдени од секое македонско семејство!

t

Славејќи ја мината година, 30 годишнината од денот на независноста и самостојноста на Р. Македонија, тргнувајќи од мислата на Мисирков “што направивме и што треба да направиме во иднина за нашата држава” како сведок на тие случувања, во продолжение ќе се обидам да го дадам моето согледување и мислење како за процесот на остварување на самостојноста и независноста на македонската држава, така и за функционирањето на истата во изминатите 30 години.

Во втората половина од 80 – тите години почнаа тенденците и процесите на распадот на СФР Југославија. При крајот на тие години овие процеси и настани почнаа и во Социјалистичка Република Македонија.

Распадот на СФР Југославија не се одвиваше по договор со Републиките како што беше создадена истата.

Во почетокот пред да почне процесот на распадот постоеа воглавном две мислења и тоа:

1. Да се спречи распадот, односно да се обезбеди понатамошно постоење и функционирање на СФР Југославија

2. Да се изврши распадот преку осамостојување на сите републики како делови на СФР Југославија

Покрај горните мислења постоеа и мислења за создавање на конфедерации или Мини Југославија.

Не се постигна никаков договор, така да почна распадот.

Распадот се одвиваше со одлуки не на договори, туку со донесување на одлука од Републиките и војни на просторите на Југославија.

Во такви услови почна и процесот на создавање на самостојна и независна Р. Македонија.

Горните процеси имаа директно влијание врз падот како на југословенската така и на македонската економија.

Главни носители и чинители во создавањето и осамостувањето на Р. Македонија беа Претседателот на државата Киро Глигоров и Претседателот на Собранието на Социјалистичка Република Македонија Стојан Андов. Во овие настани зедоа учество Љубчо Георгиевски Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Бранко Црвенковски Претседателот на СДСМ, Никола Кљусев Претседател на експертската Влада на Р. Македонија и други.

На процесот на создавање на независноста и самостојноста на Р. Македонија (преку референдумско изјаснување) претходеше:

• Донесување на Декларација за сувереноста на Социјалистичка Р. Македонија донесена на ден 25 јануари 1991 година во Собранието на социјалистичка Република Македонија по иницијатива на Стојан Андов кој претходно се договорил со Слободан Милошевиќ, со одредени резерви од Киро Глигоров и Љубчо Георгиевски.

• Одредени недоразбирања околу одржувањето на референдумот имаше помеѓу Глигоров и Љубчо Георгиевски од една страна и Стојан Андов од друга страна.
Во продолжение ќе ги дадеме документите што беа донесени за прогласување на самостојноста и независноста на Р. Македонија.

• Декларација за сувереност на СРМ
• Референдумот одржан за независноста на Р. Македонија (Уставното име беше СРМ)
• Устав на Социјалистичка Република Македонија
• Устав на Република Македонија

Од горните настани едно е битно, создавањето на независноста и самостојноста на Социјалистичка Република Македонија се оствари со разногласие на главните носители за создавање на тој историски настан како вековен идеал за создавањето на независна и самостојна македонска држава.

Но тие разногласија подоцна ќе имаат голем придонес за проблемите со кои се судруваше македонската држава и нејзините граѓани во текот на создавањето и идното функционирање на самостојната и независна Република Македонија.
Во процесот на создавањето на новата држава постоеа две опции и тоа:
1. Да се продолжи со социјалистичкото уредување кое е создадено уште 1945 година и кое се темелеше на:

• На работничка класа
• Постоењето на општествена сопственост со која управуваше и располагаше работничката класа

2. Капиталистичкото уредување и пазарно работење кое се темели на приватна сопственост на средствата или конкретно создавање на независна, самостојна, демократска и социјална држава.

За напуштање на првата опција односно напуштање на социјалистичкото уредување на Р. Македонија беа едногласни сите носители во тој процес.

Со напуштањето на социјализмот:

• Се укинува работничката класа
• Се укинува општествената сопственост на средствата за производство со кое располагаше и управуваше работничката класа

Овие два вида на политичко, економскои социјално уредување на самостојната и независна Република Македонија ќе создадат огромни проблеми при нејзиното функционирање.

За да оваа промена (транзиција)создаде помалку проблеми и е побезболна треба да се изберат и донесат најдобрите средства за таа промена.

Со уставниот закон за примена на Уставот на Р. Македонија како најсоодветно средство се избра приватизацијата на општествената сопственост во приватна. Тоа средство што беше избрано не е случајно, бидејќи истото се применуваше и во СФРЈугославија (Законот за приватизација наречен Закон на Марковиќ) и со тој закон главни учесници во приватизацијата беа:

• Работничката класа
• Пензионерите

Со тој закон беше ограничен износот на акции кои може да ги купи директорот на фирмата, а тој износ беше 15.000 евра

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕД ОСАМОСТОЈУВАЊЕТО НА СР МАКЕДОНИЈА

Македонската економија беше средно развиена земја во која беа развиени

1. Тешката индустрија
2. Тешката обоена индустрија
3. Развиена хемиска индустрија
4. Развиено градежништво
5. Развиена текстилна индустрија
6. Развиено земјоделие и сточарство
7. Развиени преработувачки капацитети
8. Развиено водостопанство
9. Развиена електроиндустрија

Во горните области имаше големи претпријатија (гиганти) кои беа помеѓу поголемите претпријатија во тогашна Југославија.

Тие гиганти беа на светско ниво, а бројот на тие претпријатија изнесуваше 67, а во истите беа вработени над 497.000 вработени.

Покрај горните претпријатија имавме и претпријатија кои произведуваа текстилни (памучни, волнени, свилени) производи во кои беа вработени над 94.000 вработени.

Македонија исто така имаше развиена внатрешна и надворешна трговска мрежа.
Карактеристично за тогашната македонска економија беше тоа што овие претпријатија беа лоцирани во секое поголемо или помало населено место.

Така се случуваше во малите градови или села да има две, три или повеќе задруги и претпријатија. Извозот кој го остваруваа преку тие фирми и после 30 години НЕ Е ДОСТИГНАТ во самостојна Македонија.

Во таа СР Македонија КОРУПЦИЈАТА И СИВАТА ЕКОНОМИЈА беа сведени на НУЛТА ТОЧКА:
Бруто домашниот производ (БДП) остварен во СР Македонија во тоа време, во изминатите 30 години од осамостојување НЕ Е ПОСТИГНАТ.

МАКЕДОНИЈА ПРЕД ПРИВАТИЗАЦИЈАТА

Пред да ги изнесеме конкретните политички средства кои се применија, ќе се задржиме накратко како изгледаше македонската економија.

Македонија беше средно развиена земја во која беа застапени скоро сите индустриски области и гранки. Скоро во секоја градска населба имаше по едно или повеќе претпријатија. Во тие претпријатија беа вработени над 70.000 вработени.

Во Македонија беше развиено земјоделството, водостопанството и сточарството. Во Македонија имаше над 35 земјоделски комбинати во кои беа вработени над 120.000 вработени.

Македонија имаше развиена текстилна индустрија која вработуваше над 50.000 вработени.

Македонија имаше 6 огромни градежни претпријатија кои вработуваа над 25.000 вработени.

Сточарството исто така беше развиено и во Македонија имаше над 1. 000 000 овци и кози. Во Македонија имаше и голем број на краварски и свињарски фарми.
Бог за Македонија бил многу дарежлив, дури и се заборавил во таа дарежливост. Така Македонија е богата со сонце, вода, и тоа ладни и топли води, вода за наводнување, вода за производство на струја, со еден збор земја со многу природни богатства. Вода, земја, клима што обезбедуваат високо квалитетни индустриски производи, развиено земјоделство и сточарство, развој на производство на енергија и храна.

Горните природни богатства на Македонија обезбедуваат РАЗВОЈ НА ЕКОНОМИЈАТА И ТОА

• Развој на земјоделството и преработувачките капацитети
• Развој на индустријата за преработка на земјоделските и сточарските производи
• Развој на индустријата за производство на електрична енергија
• Развој на бањскиот туризам
• Рамномерен развој на цела Македонија

Во продолжение ќе видиме дали горните фактори односно богатства на Македонија биле основен фактор во идното планирање на политичкото и економското уредување на новата држава.

СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА САМОСТОЈНАТА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА

Во соработка со Светската банка и меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кого имавме соработка и ангажмани беше донесена стратегија за развој на Р.Македонија како држава.

1. Да се обезбеди зголемување на споспобноста и ефиканоста на државата за да истата преку реформи да обезбеди:

• Мала, способна, и ефикасна администрација и департизација на истата
• Да обезбеди правична распределба на националниот доход
• Да обезбеди правична приватизација на општествениот капитал
• Да обезбеди одржлив економски раст
• Да обезбеди квалитетни јавни услуги кои ги дава на ѓраганите и тоа услуги во:

1. Развој на образованието, здраството, културата и други области.
2. Да обезбеди намалување на сиромаштијата.
3. Да обезбеди развој на пазарната економија.
4. Да обезбеди раст на извозвот кој е темел на развојот на вкупната економија.
5. Да се грижи за обемот и структурата на буџетот на Р. Македонија како инструмент на економската политика и раст на БДП.
6. Да се воведе рестриктивна монетарна политика и фиксен курс на денарот
Во продолжение ќе се задржиме на политичкото и економското уредување на Р. Македонија.

Основните инструменти за создавање на новото политичко и економско уредување на Р. Македонија беа:

• Приватизацијата на општествената сопственост
• Воведување на пазарната економија

ПРИВАТИЗАЦИЈА ПО ЗАКОНОТ НА МАРКОВИЌ

Во текот на создавањето на самостојноста на Р Македонија, се вршеше приватизација на општествените средства по Законот на Марковиќ.
Како што веќе истакнавме во таа приватизација учествуваа работниците и пензионерите.

Со таа приватизација беше ограничен износот на акциите (капитал) што можат да ги купат директорите во претпријатијата или конкретно директорите можеа да купат капитал најмногу во износ од 15.000 евра.

Таа приватизација не дозволуваше да се создадат капиталисти.

Со таа приватизација беше приватизирано 14% од вкупниот износ на општествените средства во Р. Македонија.

Против приватизацијата на општествениот капитал со Законот на Марковиќ беа сите носители на процесот на создавањето на новото политичко уредување, а посебно на економското уредување на Република Македонија.

Во врска со донесувањето на новиот Закон за приватизација, за мене големо изненадување беа главните носители Киро Глигоров и Стојан Андов.

Во еден разговор што на мое барање го одржав со Киро Глигоров, го прашав како тој како револуционер и творец на социјализмот во 1945 година, како човек кој го создал социјализмот и во истиот вршел највисоки државни функции сега се јавува како борец за укинување на социјализмот. Тој ми одговори дека сега тој не одлучува, туку одлучуваат условите без чија примена тешко може да создадеме нова држава.

Методот на приватизација што го предлагаше не одговараше на неговите изјави. Се разделивме секој со своите ставови, но јас му реков дека сум против Законот за приватизација кои го предлагаат.

Со оглед на тоа што приватизацијата на општествениот капитал по Законот на Марковиќ, не создаваше капитализам односно капиталисти, а основна цел на предлагачите на новиот закон (Глигоров, Андов, Црвенковски, Љубчо Георгиевски) беше создавање на капиталисти, тие го предлагаа новиот Закон за трансформација на општествениот капитал. А тие капиталисти треба да бидат менаџерите (директорите) во претпријатијата.

Забелешка : На тој Закон, Јас заедно со Шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, поднесовме НОВ Закон (преку Амандмани) со кои предложивме ограничување на износот што можат да го купат директорите, односно делотда изнесува најмногу 3% од вкупниот капитал што се приватизира ишто можат да го купат директорите сите заедно, а при тоа попуст на тој износ што се купува да нема.

Тој наш Закон (амандмани) беше одбиен, против него гласаше Љубчо Георгиевски, Доста Димовска и Борис Змејковски како и други членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Новиот Закон беше усвоен од Собранието.

Во продолжение ќе дадам краток осврт на содржината на приватизацијата извршена со тој Закон.

ПРЕГЛЕД НА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА СПОРЕД МАКЕДОНСКИОТ ЗАКОН ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА

Приватизацијата на општествениот капитал се изврши врз основа на пазарната вредност, но беше пропишано приватизацијата да се изврши и по корегирана книговодствена вредност и тоа со зголемување на книговодствената или со намалување на книговодствената вредност, или практично намалување на пазарната и сметководствената вредност.

Најчесто беше применувана методата на КОРЕГИРАНА КНИГОВОДСТВЕНА ВРЕДНОСТ, ОДНОСНО НАМАЛУВАЊЕ НА КНИГОВОДСТВЕНАТА ВРЕДНОСТ.

Дополнително утврдената вредност се НАМАЛУВАШЕ:

• ПОПУСТОТ од 50% до 99% на утврдената вредност , која го правеше Агенцијата за приватизација
• За плаќање со заробени девизи од 15% до 25% се намалуваше вредноста на приватизираните средства
• Со плаќање во готово 10%

Во продолжение ќе се задржиме конкретно на приватизацијата на општествениот капитал.

Приватизацијата се вршеше врз основа на КНИГОВОДСТВЕНАТА ВРЕДНОСТ, која беше далеку помала од вистинската пазарна цена. Многу ретко се вршеше приватизацијата по пазарна вредност.

Претпријатијата беа должни да поднесуваат и годишни сметки до Заводот за платен промет.

Според книговодствените податоци износот на вкупните средства кои требаше да се приватизираат изнесуваше НАД 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.

1. Вредноста на средствата коишто беа предмет на приватизацијата изнесуваше 9,47 МИЛИЈАРДИ ЕВРА. (КНИГОВОДСТВЕНА ВРЕДНОСТ)
2. ВРЕДНОСТА НА ГОРНИТЕ СРЕДСТВА УТВРДЕНИ СО ПРОЦЕНКАТА НА ТАА ВРЕДНОСТ ИЗНЕСУВАШЕ 2,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.
3. ИЗНОСОТ НА НАМАЛУВАЊЕТО НА КНИГОВОДСТВЕНАТА ВРЕДНОСТ УТВРДЕН СО ПРОЦЕНКАТА БЕШЕ 7,24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.
4. ОДОБРЕН ПОПУСТ (НАМАЛУВАЊЕ) ИЗНЕСУВАШЕ 1,25 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.
5. ИЗНОС НА СРЕДСТВА ШТО СЕ ПРЕДМЕТ НА ПРИВАТИЗАЦИЈА ИЗНЕСУВА 1,25 МИЛИЈАРДИ ЕВРА
6. ИЗНОСОТ НА СРЕДСТВАТА КОИ СЕ ПЛАТЕНИ СО ЗАРОБЕНИ ДЕВИЗИ 0,475 МИЛИОНИ ЕВРА
7. ИЗНОСОТ НА СРЕДСТВАТА ШТО СЕ ПРИВАТИЗИРААТ ИЗНЕСУВАШЕ 755 МИЛИОНИ ЕВРА
Според тоа со приватизацијата е ИЗВРШЕНО НАМАЛУВАЊЕ, И ПОПУСТОТ ВО КОРИСТ НА КУПУВАЧИТЕ ВО ИЗНОС ОД 8,71 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.
ТОЈ ИЗНОС Е ЛЕГАЛЕН ГРАБЕЖ НА ОПШТЕСТВЕНИТЕ СРЕДСТВА.

Меѓутоа се поставува прашањето ДАЛИ КУПУВАЧИТЕ НА ТИЕ СРЕДСТВА ПЛАТИЈА ДАНОК?
НЕ, ТИЕ НЕ ПЛАТИЈА НИКАКОВ ДАНОК!!!

А дали требаше да платат данок?

Требаше да платат данок, а еве и ЗОШТО?

Според член 94 од Законот за персонален данок е пропишено “ако на тие стекнати средства (имот) не платиле, должни се да платат данок по стапка од 70% од пазарната вредност.

Во продолжение ќе го пресметаме тој данок.

Пазарната вредност на тие средства изнесува 9,47 милијарди евра, по стапка од 70% тој ДАНОК ИЗНЕСУВА 6,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА и ако на истиот износ на данок се пресмета казнена камата тој данок ЌЕ ГО НАДМИНЕ ИЗНОСОТ ОД 9,47 МИЛИЈАРДИ ЕВРА.
Со горната приватизација, која со неплатениот данок изнесува над 19 милијарди ЕВРА, беше оштетена државата и сите граѓени на истата.

Горните податоци покажуваат каков НЕВИДЕН ЛЕГАЛЕН ГРАБЕЖ БЕШЕ ИЗВРШЕН СО ПРИВАТИЗАЦИЈАТА.

Кој го изврши тој ГРАБЕЖ И кој го овозможи истиот?

Тоа беа:

1. СДСМ
2. СОЦИЈАЛИСТИЧКАТА ПАРТИЈА
3. ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА НА АНДОВ
4. ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ – поединец

Со овој легален грабеж беа оштетени

1) Секој граѓанин на Република Македонија 4.950 евра
2) Секоја фамилија на Република Македонија 17.500 евра
3) Секој пензионер на Република Македонија 26.400 евра

Како последица на горната приватизација, мала група на директори (олигарси) НЕЛЕГАЛНО СТЕКНАА ИМОТ ВО ИЗНОС ОД 91,6% ОД ВКУПНИОТ КАПИТАЛ НА ДРЖАВАТА, а на друга страна 247.000граѓани останаа без работа, односно станаа сиромаштија во сопствената држава.

Ќе наброиме дел од фирмите кои ја извршија таа приватизација (легален грабеж)

1. ЖЕЛЕЗАРА СКОПЈЕ
2. ЦЕМЕНТАРА СКОПЈЕ
3. ПИВАРА СКОПЈЕ
4. ГРАНИТ СКОПЈЕ
5. БЕТОН СКОПЈЕ
6. АЛКАЛОИД СКОПЈЕ
7. БУЧИМ РАДОВИШ
8. ПЕЛАГОНИЈА БИТОЛА
9. СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА
10. СТОПАНСКА БАНКА СКОПЈЕ
11. КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
12. СКОПСКИ ПАЗАР
13. КОМПАНИЈАТА НА ШТЕРЈО НАКОВ
14. ЗИК ТИКВЕШ
15. ТОПЛИФИКАЦИЈА СКОПЈЕ
16. ФЕНИ КАВАДАРЦИ
17. ЗИК ВЕЛЕС
18. ЗИК СТРУМИЦА
19. МАКПЕТРОЛ СКОПЈЕ

И уште други фирми како што се фирмите на Зегин, Силјан Мицевски, Орце Камчев, Сашо Мијалков, Љубчо Георгиевски и други .

Горната приватизација овозможи над 90% од вкупниот капитал на Република Македонија да биде во рацете на горните олигарси.

Со горната приватизација се изврши и партизација на општеството, преку создавање на голем капитал со кој располагаат партиите. Најголем износ на тој капитал се наоѓа во сопственост на СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и помал дел во либералната партија на Андов и ДУИ.

Со приватизацијата беа отпуштени од работа НАД 247.000 вработени- работници.
ТОЈ СИСТЕМ ЈА СРУШИ ПРАВНАТА ДРЖАВА.

ТОЈ СИСТЕМ НА ГОЛЕМА ВРАТА ЈА ВОВЕДЕ КОРУПЦИЈАТА, КАКО ЛЕГАЛНО СРЕДСТВО ВО РАБОТЕЊЕТО НА ФИРМИТЕ ПОСЕБНО НА ГОРНО НАВЕДЕНИТЕ ФИРМИ.

Новосоздадената бизнис олигархија и партизација на општеството создаде:

• СВОЈА СТОПАНСКА КОМОРА КОЈА И ДЕНЕС ПОСТОИ
• СВОЈ СИНДИКАТ
• СВОЕ БАНКАРСТВО
• СВОИ ЛОБИ ГРУПИ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО
• СВОИ ЛОБИ ГРУПИ ВО ПРАВОСУДСТВОТО
• СВОИ ЛОБИ ГРУПИ ВО ОБЛАСТА НА МОНЕТАРНАТА, ДАНОЧНАТАИ БУЏЕТСКАТА ПОЛИТИКА.

Поради тоа што горните појави го загрозија опстојувањето на државата, брзо беа основани и институции за борба против корупцијата (Антикорупциска комисија), но и тие не помогнаа бидејќи им служеа на партиите на власт, Финансиската полиција за борба против сивата економија, но со тек на време таа институција беше политизирана односно партизирана.

Се создаде независна институција Управа за Јавни приходи за наплата на даноци и придонеси, но и таа беше под контрола на олигархијата и партиите.

Горните појави имаат директно влијание и врз надворешната политика,односно таа да биде диктирана од две групи, и тоа: олигарсите и нивните економски користи и партиите водени од нивните економски користи. Тие олигарси влијаеја и на даночниот систем на државата со основна цел тие да плаќаат помали даноци на сметка на обичните граѓани кои треба да плаќаат поголеми даноци.

Таа даночна политика, тие ја постигнаа во своја корист, што може да се види од Буџетот на државата.

Од податоците на буџетите се гледа дека до 1999 година директните даноци кои во најголем дел ги плаќаат богатите во вкупните даночни приходи учествуваа со околу 30%. За да во буџетот од 2000 година па наваму, учеството на тие даноци постојано да се намалува, а постојано да се зголемуваат даноците што ги плаќаат сиромашните граѓани кои сега изнесуваат над 90% од вкупните приходи во буџетот.

ПРЕГЛЕД НА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА Р. МАКЕДОНИЈА ПО НЕЈЗИНОТО ОСАМОСТОЈУВАЊЕ ВО ИЗМИНАТИТЕ 30 ГОДИНИ

Во стратегијата на Македонската Академија за науките и уметностите прифатена од Владите на Р. Македонија и Народната Банка на Р. Македонија за развој на македонската економија беше предвидено дека РАСТОТ НА ИЗВОЗОТ Е ТЕМЕЛЕН ФАКТОР ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ на македонската економија.

Показателите за динамиката на извозот покажуваат дека таа цел не е постигната .
Во изминатиот период нето извозот растел со помала динамика на раст од увозот, така да разликата помеѓу помалиот извоз и поголемиот износ на увозот (во 2020 година) изнесува 1,778 милијарди денари или учеството на увозот во бруто домашниот производ изнесува 84%.

ОВИЕ ПОДАТОЦИ ПОКАЖУВААТ ДЕКА СТРАТЕГИСКАТА ЦЕЛ ЗА РАСТ НА ИЗВОЗОТ И РАСТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НЕ Е ОСТВАРЕНА.

ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ МАЛА СПОСОБНА И ЕФИКАСНА АДМИНИСТРАЦИЈА И ДЕПАРТИЗАЦИЈА НА ИСТАТА

Оваа темелна реформа предвидена со стратегијата за развој на македонската држава во изминатите 30 години НЕ Е ОСТВАРЕНА.

ТАКА ДА ВО ИЗМИНАТИТЕ 30 ГОДИНИ НАМЕСТО ДА СОЗДАВАМЕ МАЛА, СТРУЧНА, СПОСОБНА И ЕФИКАСНА АДМИНИСТРАЦИЈА, АДМИНИСТРАЦИЈАТА ПОСТОЈАНО СЕ ЗГОЛЕМУВАШЕ, СТРУЧНОСТА, СПОСОБНОСТА И ЕФИКАСНОСТА СЕ НАМАЛУВАШЕ, А ПАРТИЗАЦИЈАТА НА ИСТАТА ПОСТОЈАНО СЕ ЗГОЛЕМУВАШЕ.

СПОРЕД ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 30 ГОДИНИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА СЕ ЗГОЛЕМИЛА ЗА 247% ИЛИ 2,47 ПАТИ ШТО ПРЕТСТАВУВА ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ЕКОНОМИЈАТА И ПОРАСТ НА СИРОМАШТИЈАТА.

ДА ОБЕЗБЕДИ РАЗВОЈ И КВАЛИТЕТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО, ЗДРАВСТВОТО, КУЛТУРАТА И ДРУГО
Македонија пред осамостојувањето имаше средно ниво на квалитет на здравството, образованието, културата.

Во изминатите 30 години со стратегијата беше предвидено тоа ниво на квалитет на овие области да РАСТЕ, а што ни се случи? НАМЕСТО РАСТ ИМАВМЕ РАСПАД НА ЗДРАВСТВЕНИОТ, ОБРАЗОВНИОТ И КУЛТУРНИОТ СИСТЕМ.

ОВИЕ НЕГАТИВНИ ПОЈАВИ ИМААТ ДИРЕКТНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ РАСТОТ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА И ЕКОНОМИЈА.

СО СТРАТЕГИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА беше предвидено да се изврши ПРАВИЧНА ПРИВАТИЗАЦИЈА на општествениот капитал, но ТАА ЦЕЛ НЕ БЕШЕ СПРОВЕДЕНА, напротив, со спроведената приватизација се изврши ОГРОМЕН ГРАБЕЖ НА ОПШТЕСТВЕНИОТ КАПИТАЛ.

СО СТРАТЕГИЈАТА БЕШЕ ПРЕДВИДЕНО ДА СЕ ИЗВРШИ ПРАВИЧНА РАСПРЕДЕЛБА НА НАЦИОНАЛНИОТ ДОХОД, НАПРОТИВ СО КОНКРЕТНАТА РАСПРЕДЕЛБА НА НАЦИОНАЛНИОТ ДОХОД НЕ САМО ШТО НЕ БЕШЕ ОСТВАРЕНА ТАА ЦЕЛ, НАПРОТИВ СЕ ИЗВРШИ ТАКВА РАСПРЕДЕЛБА НА НАЦИОНАЛНИОТ ДОХОД ПРЕКУ КОЈА БЕШЕ ОГРАБЕН НАРОДОТ ОД СТРАНА НА ДРЖАВАТА И БИЗНИС ОЛИГАРХИЈАТА, СО ШТО ЕНОРМНО СЕ ЗГОЛЕМИ СИРОМАШТИЈАТА.

Со стратегијата беше поставено да се обезбеди одржлив економски раст од 4-5% на годишно ниво.

Таа цел НЕ БЕШЕ ОСТВАРЕНА, НАПРОТИВ ПРОСЕЧНАТА ГОДИШНА СТАПКА НА РАСТ 1,9% ШТО БЕШЕ ОСТВАРЕНА Е ГОЛЕМ УДАР ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА И ДРЖАВА.

Со Законот за приватизација беше забранета приватизацијата на државното земјиште.

Но што се случи? Спротивно на Законот, што правеше СДСМ? Прво СДСМ, а потоа и ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ приватизацијата на државното земјиште почна да се врши на МАЛА ВРАТА и тоа со УРЕДБА НА ВЛАДАТА почна да се ПРИВАТИЗИРА ДВОРНОТО ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ (дворното место на куќите и претпријатијата).

Приватизацијата на тоа земјиште беше легален грабеж, бидејќи се продаваше по цена од 5 евра.

Потоа почна да се продава државно градежно земјиште на странски инвеститори.
Покасно почна да се продава (приватизира) скоро секое државно земјиште по 1 евро од метар квадратен, што е огромен грабеж на државниот капитал, преку корупцијата.

Тоа беше огромна легална корупција со која државата и буџетот беа оштетени за 7 милијарди евра, а тие средства отидоа во приватни раце.

Тој процес на приватизација продолжува и денес, а со тоа продолжува грабежот на државата.

Тој процес ја разградува државата и буџетот на истата бидејќи државното земјиште е потенцијален приход на буџетот на државата.

Со НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА за развој на македонската држава беше утврдена ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА ШТО ЌЕ ЈА ВОДИ ДРЖАВАТА ЗА НЕЈЗИНО СТАБИЛНО ФУНКЦИОНИРАЊЕ.
ТАА ПОЛИТИКА БЕШЕ РЕСТРИКТИВНА И СТАБИЛНА ФИНАНСИСКА ПОЛИТИКА, ИЛИ КОНКРЕТНО ПОЛИТИКА ЗА БУЏЕТОТ НА ДРЖАВАТА.

Дали се примени таа политика врз обемот и динамиката и структурата на државниот буџет во изминатите 30 години?

Буџетот на државата за извршување на трите основни функции на истата и тоа:
ФИСКАЛНА ФУНКЦИЈА (Функционирање на државните функции)

ЕКОНОМСКА ФУНКЦИЈА (Финансирање на опстанокот и развојот на македонската еконимија

СОЦИЈАЛНА ФУНКЦИЈА (Помош на граѓаните кај кои е загрозен нивниот опстанок)
Во изминатите 30 години планираниот државен буџет на Р. Македонија не се планираше и реализираше врз основа на горните усвоени политики, правила или поконкретно буџетот по големина и структура (намена) на истиот.
Буџетот по големина не се планираше според материјалните можности на државата, Бруто домашниот производ (БДП).

Спротивно буџетите се планираа не според МОЖНОСТИТЕ, туку според ПОТРЕБИТЕ на Владите.

Основни извори на буџетот се даноците и придонесите и задолжувањето на државата во земјата и странство. Или конкретно ЗАРАДИ ГОРНИТЕ ПОЛИТИКИ ЗА ПЛАНИРАЊЕ НА ПРИХОДИТЕ НА БУЏЕТОТ, ВО ИЗМИНАТИТЕ 30 ГОДИНИ, ПРИХОДИТЕ СЕ ЗГОЛЕМИЛЕ ЗА 597% ОДНОСНО СКОРО 6 ПАТИ.

Тоа покажува расипничко планирање на буџетот.

Што се однесува за планирање на НАМЕНИТЕ ЗА КОИ СЕ ТРОШЕА, ПЛАНИРАНИТЕ ПРИХОДИ, ТИЕ СЕ ПЛАНИРАА И ТОА:

• За финансирање на зголемувањето на државната администрација
• За финансирање на социјалните трансфери или конкретно, за финансирање на сиромаштијата
• За финансирање на економијата

Или конкретно во изминатите 30 години

• ПОСТОЈАНО СЕ ЗГОЛЕМУВАШЕ ДЕЛОТ ОД БУЏЕТОТ СО КОИ СЕ ФИНАНСИРАШЕ ДРЖАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА, ТАКА ДА ТОЈ ИЗНОС ВО ИЗМИНАТИТЕ 30 ГОДИНИ СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 2,47% ОДНОСНО 2,47 ПАТИ АДМИНИСТРАЦИЈАТА

• ИЗНОСОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА СИРОМАШТИЈАТА ОДНОСНО СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ ГРАЃАНИ
Со НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА беше предвидено тој износ да СТАГНИРА или да се ЗГОЛЕМУВА во рамките на РАСПОЛОЖЛИВИТЕ средства на државата.

Но КОНКРЕТНО во изминатите 30 години во буџетот тие средства пораснаа за 101,9% односно ДУПЛО.

• СРЕДСТВА ЗА ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА

Со НАЦИОНАЛНАТА стратегија беше предвидено тие средства постојано да се зголемуваат.

Или конкретно буџетот преку тие средства требаше да обезбеди ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНИТЕ СРЕДСТВА НА ДРЖАВАТА ЗА РАЗВОЈ на сите области во истата.
Конкретните податоци од буџетот во изминатите 30 години покажуваат дека тие средства во буџетот СТАГНИРААТ ИЛИ СЕ НАМАЛУВААТ.

Според горните податоци за обемот и структурата на буџетот, РАЗВОЈ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА и движење на сиромаштијата, можеме да заклучиме дека Р. Македонија во изминатите години со своето функционирање влегла во ПОЗНАТИОТ ЗАЧАРАН КРУГ НА СИРОМАШТИЈАТА, ОД КОЈ БЕЗ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ И РЕФОРМИ ТЕШКО МОЖЕ ДА СЕ ИЗЛЕЗЕ.

Во продолжение ќе се обидеме преку динамиката и структурата на буџетот во изминатите 30 ГОДИНИ И ДИНАМИКАТА на бруто домашниот производво истиот период, да ја прикажеме сликата во која се наоѓа Р. Македонија.

Во изминатите 30 години во Р. Македонија преку буџетот, Фондовите и задолжувањето на државата спрема странство и домашното задолжување и други основи се собрани и потрошени над 55 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, што е огромен износ за Македонија како мала држава.

Просечно по жител се собрани околу 60.000 евра.

Се поставува прашањето каде се потрошени тие огромни средства.

Се проценува дека над 20 милијарди евра СЕ ИЗНЕСЕНИ НАДВОР.

Се поставува прашањето дали авторот сакал и имал намера да претстави ЛАЖНА СЛИКА за постоењето на ЛАМЈАТА?

Оваа дилема веднаш се СУСПЕНДИРА бидејќи ТАА СЛИКА, ДИЈАГРАМ НА ЛАМЈАТА е производ на вистински податоци за создавањето и функционирањето на самостојната македонска држава во изминатите 30 години.

Таа слика е ОБИМОТ И ДИНАМИКАТА НА БДП (Бруто Домашниот Производ) ВО ИЗМИНАТИТЕ 30 ГОДИНИ, и ОБЕМОТ, СТРУКТУРА НА БУЏЕТОТ на државата во изминатите 30 години.
На таа слика големо влијание имаше и политиката на уредување која беше создадена со осамостојување и создавањето на македонската држава.

1. Така да тоа политичко уредување се потпираше на приватизација на државниот капитал со ниски цени што беше ОГРОМЕН НЕЛЕГАЛЕН ГРАБЕЖ на државниот капитал за кои не е платен данок, утврден со Законот за Персоналниот данок на доход.
Тој легален грабеж на државниот имотпокажува дека создадовме држава која се темели на легалниот грабеж на државниот капитал преку приватизацијата.
2. На тој легален грабеж на државниот капитал не е платен НИКАКОВ ДАНОК СПРЕМА ДРЖАВАТА што ја прави државата ГРАБЕЖЛИВА.

3. Таа приватизација на општествениот капитал, без да се плати никаков данок ја прави нашата ДРЖАВА ТОЛКУ ГРАБЕЖЛИВА ШТО Е СИНОНИМ НА ЛАМЈАТА ВО ДРЖАВАТА.

4. Сликата на таа ламја ја сочинуваат

• СУСПЕНДИРАЊЕ НА ПРАВНАТА ДРЖАВА
• ВОВЕДУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА КАКО СРЕДСТВО ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ИМОТ

5. Проектирање на динамиката на буџетот во изминатите 30 години над материјалните можности на државата, а тоа е желба на државната администрација и нејзините носители.

6. Доминира политика со која се исполнуваат желбите на партиите, а се осиромашува населението, како даночен обврзник.

7. Распределба на државниот имот по багателни цени и форсирање на корупцијата за грабеж на државниот капитал

8. Неплаќање на данок за незаконско стекнатиот имот.

Сите горни политики во изминатите 30 години ја создале ЛАМЈАТА , која ја голта, разградува и уништува македонската држава.

Што во случајот претставува ЛАМЈАТА.

Дали таа навистина постои и што претставува истата.

Таа ламја како СИМБОЛ НА ЛАКОМОСТА, го прикажува ЛЕГАЛНИОТ И НЕЛЕГАЛНИОТ ГРАБЕЖ кој се изврши на државниот имот во изминатите 30 години.

Таа ламја го прикажува работењето на сите претставници на власта кои во изминатите 30 години ја создале и управувале со државата.

Дел од таа ламја се сите политички партии кои преку своите пратеници ја создале и управувале со Р. Македонија, а тука се: СДСМ (како идеолог), Социјалистичката партија, Либералната партија на Андов, ВМРО- ДПМНЕ, ДУИ и други помали партии, сите функционери на централно и локално ниво.

Тој невиден грабеж на имотот на државата Р. Македонија, изнесува над 42 МИЛИЈАРДИ ЕВРА, што конкретно значи дека секој граѓанин на Р. Македонија , во изминатите 30 години е ограбен за над 29.000 ЕВРА.

Кој го изврши тој невиден грабеж?

Тоа пред се се сите носители на создавањето на македонската држава. Сите Претседатели на Р. Македонија, сите Влади и Претседатели на тие Влади кои управувале со Р. Македонија во изминатите 30 години, сите лидери на партиите кои учествувале во управувањето со државата во тој период.

Главни идејни носители на тој грабеж почнува од следните политички партии и тоа:

1. Од СДСМ и првите луѓе на истата Киро Глигоров и Бранко Црвенковски
2. Либералната партија на Андов
3. Социјалистичката партија на Љубисав Ивановски Ѕинго.
Тие партии беа носители на промена на политичкиот и економскиот систем во државата.
4. ВМРО – ДПМНЕ со лидерот Љубчо Георгиевски, а подоцна и Никола Груевски
5. ДУИ како политичка партија која учествува во управувањето со државата во изминатите 20 години.

Тој невиден грабеж го овозможуваше Управата за јавни приходи, која беше одговорна за потеклото на имотот на сите субјекти во државата, Комисијата за борба со корупцијата која требаше да го спречи стекнувањето на државен имот преку корупција, Правосудниот систем на државата кој требаше да го спречи грабежот на државниот имот.

Горните констатации може да се потврдат, со примерот на грабежот во износ од 8 МИЛИОНИ ЕВРА што го изврши еден функционер на СДСМ кој беше аболициран (ослободен) од лидерот на истата партија и правосудните органи или примерот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски, кои преку управувањето со државата стекнаа државен имот кој според потврдени извори е меѓу најголемите сопственици во Р. Македонија.

Горните невидени грабежи може да ги реши само Управата за Јавни приходи или конкретно да изврши контрола на ПОТЕКЛОТО НА СТЕКНАТИОТ ИМОТ НА СИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ, ПАРТИИ, ОЛИГАРСИ И НА СТЕКНАТИОТ ИМОТ АКО НЕ Е ПЛАТЕН ДАНОК, ДА ПРЕСМЕТА ДАНОК ПО СТАПКА ОД 70% НА ОСНОВИЦА на стекнатиот имот по пазарна вредност на истиот на денот на оданошувањето.

И на крајот да се примени 0 (нулта) толеранција за секој висок функционер во стекнувањето или во управување со државниот имот.

И на крајот БОГ НА Р. Македонија и дарувал (дури се заборавил во тоа дарување) ОГРОМНИ ПРИРОДНИ БОГАТСТВА кои други земји ги немаат, а тоа се СОНЦЕ, ВОДА, КЛИМА кои ако ги искористиме Р. Македонија ќе биде БОГАТА ЗЕМЈА ОДНОСНО САКАНА БОЖЈА ЗЕМЈА.

Но што направивме во изминатите 30 години?

Таа земја како БОЖЈИ РАЈ ја унаказивме и ја претворивме во ругло.

Да го земеме за пример Охрид како Македонски Ерусалим, за 30 години толку го руиниравме така да УНЕСКО сака да му ја земе титулата Светско Божјо чудо.
Со други зборови наместо да се радуваме и да ги чуваме божјите дарови на нашата земја ние во изминатите 30 години и денес го крадеме Господ и тоа не само од страна на функционерите кои ја водат државата, туку и поголем дел од народот.
Таа слика на ламјата која ја окупирала и заробила Р. Македонија го загрозува опстанокот на државата, бидејќи таа се руши по сите основи.

Окупатори на државата се КОРУПЦИЈАТА, СУСПЕНДИРАЊЕ НА ПРАВНАТА ДРЖАВА, ПАРТИЗАЦИЈА НА ИСТАТА.

Излез од оваа окупираност на државата е да ги смениме:

• сите создавачи на таа ламја
• да го платат данокот на нелегално стекнатиот имот и да поднесат одговорност за тоа со 0 толеранција.

БЛАГОДАРАМ,

Автор: БОРИС СТОЈМЕНОВ
ФИНАНСИСКИ, СМЕТКОВОДСТВЕН, ДАНОЧЕН ЕКСПЕРТ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во вторник нова цена на горивата

Задутре во вторник, првиот неработен ден следната…

Половина тон кокаин запленет во Британија

Четворица мажи се уапсени откако половина тон…

Руската црква му одговори на Зеленски: Господ…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја протера канонската…

Заев пак ги пофали Преспанскиот и Договорот…

Поранешниот премиер Зоран Заев по повод Денот…

Дете од Скопје ја нападнало мајка си

Вчера во 14 часот во СВР Скопје,…