Бугарија врати над два тони кисело млеко од Македонија
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка со повеќе од два тона кисело млеко од Македонија поради несовпаѓање во придружната документација.
Пратката била запрена на граничниот премин Ѓуешево при контрола од инспектори на Бугарската агенција за безбедност на храната. Станувало збор за вкупно 576 картони, од кои секој содржел по 20 пакувања кисело млеко.
Според информациите на бугарската Агенција, при проверката било утврдено несовпаѓање меѓу податоците наведени во придружниот сертификат и ознаките на самите пакувања. Поради тоа, производите не добиле дозвола за влез во Бугарија и истиот ден биле вратени кај испраќачот.
Од Агенцијата нагласиле дека граничните контроли се спроведуваат континуирано со цел на пазарот да не се пласира храна која не ги исполнува пропишаните барања на Европската Унија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија врати над два тони кисело млеко…
Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…
Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…
Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Бугарија дава по 50 евра помош за…
Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…