Вечерва се активни седум пожари, денес на отворено гореле преку 20

t

Седум пожари од вкупно 21 регистриран на отворен простор денеска до 18:30 часот, вечерва се сè уште активни. Два се ставени под контрола, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково кај селата Моране, Вртекица, Рамни Габер и кракот кон селото Палиград, како и над селото Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума; во Општина Македонски Брод кај м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струмица кај с. Пиперово гори ниска вегетација; во Општина Сарај кај с. Бојане гори мешана шума; во Општина Берово кај с. Митрашинци гори дабова шума и ниска вегетација; во Општина Петровец кај с. Сушица – нискостеблеста шума и во Општина Гостивар кај с. Трново, каде гори мешана шума.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Кичево кај с. Тајмиште, м.в. Дарда каде гореше високостеблеста букова шума и во Општина Битола кај с. Мегленци, каде гореше ниска вегетација.

Изгаснати пожари се во Општина Струмица на ул. „Ристо Ќурчиев“ каде гореше ѓубре; во Општина Василево кај с. Пиперево – ниска вегетација и ѓубре; во Општина Делчево кај с. Бигла – борова и дабова шума и ниска вегетација; во Општина Куманово на ул. „Ѓорче Петров“ – ѓубре; во Општина Јегуновце кај с. Туденце – ниска вегетација; во Општина Гостивар кај с. Горна Ѓоновица – ниска вегетација; во Општина Гостивар кај с. Чајле – ниска вегетација; во Општина Врапчиште кај селата Ломница и Ѓурѓевиште – мешана шума; во Општина Демир Хисар кај с. Слепче – ниска вегетација; во Општина Пробиштип кај с. Гујновци – ниска вегетација и објекти; во Општина Илинден кај Арачиновски канал – ниска вегетација и во Општина Илинден кај с. Бујковци, каде гореше ниска вегетација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…