Објавено на:

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на автомобил во Санкт Петербург – втор напад од ист тип во истиот реон

t

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија на Военото воздухопловство и Противвоздушната одбрана, загина во експлозија на неговиот автомобил на Колпинскиот автопат, во реонот Шушари во Санкт Петербург.

Според локалните медиуми, експлозивната направа била поставена под автомобилот и активирана далечински, во моментот кога воениот офицер излегувал од дворот на зградата и се приклучувал на патот. Експлозијата се случила околу седум часот наутро, во близина на продавница и бензинска пумпа.

Името на загинатиот офицер засега не е официјално објавено. Според очевидци, ударниот бран искршил прозорци во околните објекти, како и стаклата на автобус кој бил запрен во близина на експлодираниот автомобил. Не е потврдено дали полковникот бил сам во возилото.

Медиумот „Фонтанка“ објави дека безбедносните камери го снимиле моментот кога мажот излегува од зграда и влегува во автомобилот, а објавена е и снимка од експлозијата. Рускиот Истражен комитет отворил истрага за убиство на воен припадник со употреба на експлозивна направа. Според „Фонтанка“, безбедносните служби трагаат по лице кое можеби ја поставило бомбата. Засега нема официјално осомничени.

Ова е втор речиси идентичен инцидент во истиот реон за помалку од три месеци. На 27 август, исто така на Колпинскиот автопат во Шушари, во експлозија на автомобил загина потполковник од Военото воздухопловство и Противвоздушната одбрана, додека тргнувал од својот дом. Неговата сопруга беше хоспитализирана.

Руски медиуми тогаш објавија дека станува збор за 53-годишен офицер, а украински медиум го идентификуваше како Сергеј Сечков, кој исто така служел во 6-та армија. Двете експлозии се случиле на оддалеченост од околу половина километар, а во двата случаи било објавено дека експлозивната направа била поставена под автомобилот и активирана далечински.

По нападот во август, руските медиуми, повикувајќи се на истражни извори, објавија дека 24-годишна жена ја изработила бомбата по инструкции на лице поврзано со украинските вооружени сили, ја поставила под возачкото седиште и избегала во Молдавија.

Нападот е најнов во низата атентати врз руски воени функционери од почетокот на војната во Украина. Во април 2025 година, генерал-потполковник Јарослав Москалик беше убиен во експлозија на автомобил во Балашиха, во близина на Москва. Во декември 2024 година, во експлозија на бомба поставена на скутер загина Игор Кирилов, началникот на руските сили за радијациска, хемиска и биолошка заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…

Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…

Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…

Украина и Русија договорија голема размена на…

Украина и Русија начелно се договориле за…

Зеленски до Путин: „И јас можам да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…