(Видео) Се сруши руски воен авион, пилотот се катапултирал
Силен стратешки бомбардер се урнал поради „технички дефект“ на територијата Ставропол, додека четворица членови на екипажот се катапултирале, соопшти руското Министерство за одбрана.
Тројца се пронајдени, додека по четвртиот се уште трае потрагата.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како стратешки бомбардер гори додека паѓа.
– Авионот Ту-22М3 на руските воздушни сили се урна во областа Красногварде при враќање на матичниот аеродром – соопшти гувернерот на Ставропол Владимир Владимиров и додаде дека двајцата пилоти се префрлени во медицински установи.
Ту-22М3 кој се урна, наводно претходно истрелал ракети Х-22 врз цели во областа Одеса.
– Ту-22МС беше без муниција и немаше никакво уништување на теренот – се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.
Според неофицијални информации, авионот се урнал на 400 километри од границата со Украина.
🇷🇺🇺🇦 Tu-22M3 crashed on the territory of the Krasnogvardeisky district in the Stavropol region.
There are no casualties, the pilots ejected and the plan hit a field.
– Governor Vladimir Vladimirov. pic.twitter.com/mDK3ucrgJP
— Lord Bebo (@MyLordBebo) April 19, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и…
Носителот на листа на кандидати за пратеници…
Мојсоска: На 8 мај младите ќе стават…
Левица како нова генерација млади политичари на…
Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа…
Владата на Република Македонија ја разгледа и…
НАТО ја обвини Русија за „хибридни малигни…
Северноатлантската алијанса ја обвини Русија за „хибридни…
Пендаровски: Очекувам пресврт во вториот круг на…
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва во интервју…