(Видео) Ѓорѓиевски: Градиме таму каде што со години не се градело – Вака ќе изгледа мостот и влезот во Скопје

t

Градиме мост и кружен тек во Сарај – Скопје добива нов влез! Ова на Фејсбук го објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Нема повеќе заборавени населби, запоставени општини и поделби на важни и помалку важни граѓани.

За нас, Скопје е една целина и секој негов дел заслужува еднаква грижа, современа инфраструктура и вистински развој.

Градиме таму каде што со години не се градело.

Поврзуваме места што предолго биле инфраструктурно запоставени и создаваме град во кој развојот не завршува во центарот, туку стигнува до секоја општина, населба и дом.

На последната седница на Советот на Град Скопје, со ребалансот на Буџетот обезбедивме средства за реализација на еден исклучително значаен капитален проект – изградба на нов мост и кружен тек што ќе ја поврзат Општина Сарај со Ѓорче Петров и ќе создадат нов, современ влез во главниот град.

Проектот предвидува кружен тек со две сообраќајни ленти и челичен мост со должина од 110 метри.

Вкупната должина на новото булеварско решение, заедно со кружниот тек и мостот, изнесува 1.172 метри.

Од двете страни ќе бидат изградени велосипедски и пешачки патеки, како и тактилни патеки за слепите и слабовидните лица. Создаваме современа, безбедна и целосно пристапна инфраструктура, наменета за возачите, велосипедистите и пешаците, за сите граѓани подеднакво.

Со оваа инвестиција ќе обезбедиме ново и директно сообраќајно поврзување меѓу Сарај и Ѓорче Петров, полесно и побезбедно движење, подобра сообраќајна поврзаност и нова развојна перспектива за целиот западен дел на Скопје.

Ова е мост што поврзува општини, населби и луѓе.

Мост што ги надминува поделбите, ги скратува растојанијата и отвора нови можности за развој.

Скопје се развива рамномерно.

Скопје добива нов лик и сигурно чекори напред!

Ќе продолжиме да градиме со јасна визија, одговорност и љубов кон секој дел од нашиот град.

Скопје го градиме заедно.

Посветено за градот убав, стои во постот на Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ѓорѓиевски: Градиме таму каде што со…

Градиме мост и кружен тек во Сарај…

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Европската интеграција…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Латвија забрани увоз на книги, облека и…

На 1 септември, Латвија воведе забрана за…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…

(Видео) Жена нападна две лица со нож…

Жената што нападна две лица со нож…