„Визер“ доминира на македонските аеродроми: Превезува речиси две третини од патниците во Скопје

t

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ убедливо го држи најголемиот удел во патничкиот сообраќај на македонските аеродроми. Во првите девет месеци од годинава со компанијата патувале 63,8 проценти од патниците на Скопскиот и дури 70 проценти од патниците на Охридскиот аеродром, покажуваат податоците на ТАВ Македонија.

Од јануари до септември, Меѓународниот аеродром Скопје опслужил 3.065.692 патници. По „Визер“, најголем удел има „Пегасус ерлајнс“ со 9,4 проценти, а следуваат „Туркиш ерлајнс“ со 4,6, „Аџет“ со 3,5 и „Аустриан ерлајнс“ со 3,4 проценти.

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во истиот период опслужил 265.993 патници, при што седум од десет патници летале со „Визер“.

Вкупно, преку аеродромите во Скопје и Охрид во првите девет месеци од 2026 година поминале 3.331.685 патници, што е раст од 29 проценти во однос на истиот период минатата година. Реализирани биле 22.147 летови, или 10 проценти повеќе од лани.

Најпопуларна дестинација од Скопје останува Истанбул со удел од 13,5 проценти, сметајќи ги двата аеродрома во турската метропола. Следуваат Базел-Милуз, Минхен, Дортмунд и Цирих. Од Охрид најмногу се патувало кон Братислава, а потоа кон Базел, Дортмунд, Меминген и Цирих.

Силниот раст го потврдува и АЦИ Европа. Во август Македонија забележала раст на патничкиот сообраќај од 34,8 проценти, со што била меѓу најбрзорастечките авијациски пазари во европската групација што ја следи организацијата. Скопскиот аеродром истовремено бил меѓу најбрзорастечките аеродроми од средна големина во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Визер“ доминира на македонските аеродроми: Превезува речиси…

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ убедливо го држи…

Гол и позлатен Трамп во Европскиот парламент:…

Сатирична статуа на американскиот претседател Доналд Трамп,…

Малолетничка вознемирувана од 52-годишен тетовец

Тетовец пријавил во полиција дека 52-годишник ја…

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата,…

Ситуацијата во Франција не е поврзана со…

Макрон повика на воздржаност додека продолжуваат протестите…

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на воздржаност…