Во понеделник нов обид на опозициските парламентарни групи за Изборниот законик

t

Изборниот законик е уште една лага на премиерот Христијан Мицкоски обвинија од опозицијата. За СДСМ електронското гласање без контрола или гласањето преку пошта без соодветни гаранции е опасно.

Партискиот портпарол Богданка Кузевска вели дека ваквиот модел на гласање кое го предлага власта отвора простор за масовна изборна кражба.  

Владеачката ВМРО ДПМНЕ пак очекува заедничко предлог решение од опозицијата за Изборниот законик – кое ќе го усогласат, доколку во него биде вклучено гласањето на дијаспората. 

Премиерот Мицкоски вели дека е подготвен од опозицијата да прифати бланко решение и за изборните единици и за начинот на финансирање на партиите. 

Од СДСМ порачаа дека нема да дозволат изборен грабеж. ВМРО ДПМНЕ пак потсети дека  15 јули е крајниот рок за исполнување на обврските поврзани со реформите оценувајќи дека прашањето е премногу важно за да стане предмет на политички пресметки. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во понеделник нов обид на опозициските парламентарни…

Изборниот законик е уште една лага на…

Зеленски: Кина ја предупреди Русија да не…

Кина ја предупреди Русија да не користи…

(Видео) Трамп по НАТО самитот: Ердоган е…

Белата куќа објави видео на X, каде…

АХВ уште ги нема добиено анализите по…

По пријавата за труење на шестмина вработени…

Јаневска: Заострени мерки за сместување во студентските…

Во моментов во Собранието се прават измени…