Волково добива нов климатски отпорен парк: Просторот ќе се уредува со учество на граѓаните

t

Општина Ѓорче Петров е домаќин на дводневен партнерски состанок во рамките на проектот „Урбан грин лип“, кој се спроведува преку програмата „Интерег Еуро-МЕД“.

Проектот обединува општини и стручни организации од повеќе европски земји со цел создавање позелени, поотпорни и поквалитетни јавни простори.

Како дел од проектот, во Волково е предвиден пилот-простор кој треба да биде уреден како мултифункционален, достапен и климатски отпорен парк.

„Нашата цел не е само да создадеме уште еден парк. Во Волково сакаме да создадеме мултифункционален, достапен и климатски отпорен јавен простор, развиен во соработка со експертите, локалните чинители и, пред сè, со граѓаните што ќе го користат“, изјави градоначалникот Александар Стојкоски.

Од Општината посочуваат дека искуствата од уредувањето на пилот-просторот, учеството на граѓаните и изработката на планот за урбана природа треба да помогнат во идното планирање и управување со зелените површини низ Ѓорче Петров.

Во проектот учествуваат десет партнери од Словенија, Македонија, Грција, Хрватска, Италија, Црна Гора и Шпанија, а водечки партнер е Општина Цеље од Словенија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Волково добива нов климатски отпорен парк: Просторот…

Општина Ѓорче Петров е домаќин на дводневен…

По 11 години застој, Охрид ќе го…

По речиси 11 години од почетокот на…

МПЦ-ОА се спротивстави на кратење на неработните…

Македонската православна црква – Охридска архиепископија се…

Ѓоковиќ ја освои 102. титула во кариерата…

Новак Ѓоковиќ ја освои 102. АТП титула…

Посвоените бараат пристап до своето потекло: „За…

Посвоените лица во Македонија треба да добијат…