Објавено на:

Грчки воен брод пресретна дронови на Хутите во Црвеното Море, еден е уништен

t

Грчки воен брод во служба на поморската мисија на Европската унија во Црвеното Море пресретна две беспилотни летала лансирани од јеменските милитанти Хути во правец на комерцијален брод, соопштија во четвртокот претставници на грчкото Министерство за одбрана.

„Во четвртокот наутро грчката фрегата Хидра, додека придружуваше трговски брод во Аденскиот залив, собори две беспилотни летала“, изјави претставник за Ројтерс.

„Едниот дрон е уништен, додека другиот се оддалечи“, додаде тој. Друг претставник на одбраната ги потврди деталите за инцидентот.

Грција ја стави на располагање фрегатата на мисијата на ЕУ, наречена Аспидес (Штитови), започната во февруари како помош во заштитата на клучниот поморски трговски пат од нападите со беспилотни летала и ракети на Хутите поддржани од Иран, кои велат дека целат комерцијални бродови како одмазда за израелската војна во Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските телевизии ја прекинаа програмата во сеќавање…

Сите телевизии во Србија ја прекинаа програмата…

(Видео) Оро на Прешево, Србите кои чекаа…

Празничниот продолжен викенд создаде долги колони на…

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало…

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил…

Шефот на британската дипломатија: Испраќањето НАТО војници…

Министерот за надворешни работи на Британија Дејвид…

Лајчак: Вучиќ и Курти имаат мандати за…

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот…