Објавено на:

Договор вреден 6 милијарди долари меѓу Албанија, САД и Грција за развој на енергетскиот центар во Валона и за снабдување со гас

t

Во Тирана е потпишан договор за енергетска безбедност вреден 6 милијарди долари во присуство на премиерот на Албанија, Еди Рама, и амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл.

Договорот беше потпишан помеѓу албанската компанија „Албгаз“ и две големи меѓународни компании, едната американска, а другата грчка.

Документот предвидува развој на Енергетскиот центар во Валона и рамковен договор за снабдување со течен природен гас, како важни чекори кон диверзификација на изворите на енергија и зајакнување на енергетската независност, во тесна соработка со САД, како и интеракција со Грција.

-Во Тирана за да ја унапредиме енергетската агенда на претседателот на САД и да му се придружиме на премиерот Еди Рама за да учествуваме на церемонијата на потпишување на историски договор помеѓу Албанија, Venture Global и Aktor LNG USA за 20-годишен договор за американски течен природен гас, објави американската амбасадорка.

Според неа проектот ја зајакнува енергетската и националната безбедност низ целиот регион.

„Кога САД, Албанија и Грција соработуваат, овој регион е поповрзан, побезбеден и попросперитетен, оценила амбасадорката Гилфојл, споменувајќи го претседателот Трамп како „страствен поборник за енергетска безбедност“.

Министерот за енергетика и инфраструктура на Албанија, Енеа Какарачи, за време на церемонијата на потпишување на договорот, вчера доцна попладне, изјавил дека партнерството со САД одразува заедничка визија за изградба на безбедна и одржлива енергетска иднина.

-Централен столб на оваа визија е развојот на Енергетскиот центар во Валона, кој е проект со повеќе компоненти што ќе ја редефинира улогата на Албанија на оваа енергетска мапа, оценил тој, објавија медиумите денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор вреден 6 милијарди долари меѓу Албанија,…

Во Тирана е потпишан договор за енергетска…

Филков: Поради бојкотот на СДСМ, одложена е…

Министерството за правда денеска соопшти дека е…

14-годишно момче од Гостивар ја силувал малолетната…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар…

За само три месеци министрите потрошиле над…

Две третини од планираниот буџетски дефицити за…

Автобус прегази жена

На 28.04.2026 во 18:10 часот во СВР…