Европската комисија предложи одблокирање 4,2 милијарди евра за унгарските студенти и истражувачи

t

Европската комисија денес соопшти дека предложила одблокирање на 4,2 милијарди евра од таканаречените кохезиски фондови за Унгарија, повикувајќи се на чекорите што ги презела новата унгарска Влада за зајакнување на владеењето на правото во земјата.

Предлогот, кој треба да го одобри Советот на ЕУ, ќе ѝ овозможи на Унгарија повторно да учествува во програмата за студентска размена „Еразмус+“ и во истражувачката програма „Хоризонт Европа“.

Во 2022 година, ЕУ суспендираше 6,3 милијарди евра од кохезиските фондови за Унгарија според механизмот за условеност, поради недостатоци во борбата против корупцијата, судир на интереси и системски неправилности во јавните набавки.

Премиерот Петер Маѓар, кој во април извојува убедлива изборна победа, во предизборната кампања вети дека ќе ги одблокира европските средства замрзнати за време на 16-годишното владеење на Виктор Орбан.

„Унгарија презеде важни чекори за зајакнување на владеењето на правото и за заштита на финансиските интереси на Унијата. Денеска предлагаме да се одблокираат 4,2 милијарди евра и повторно да им ги отвориме вратите на ‘Еразмус+’ и на ‘Хоризонт Европа’ за унгарските студенти и истражувачи. Драго ми е што тие повторно целосно ќе можат да ги користат можностите што ги создава нашата Унија. Ова покажува дека реформите носат резултати“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската комисија предложи одблокирање 4,2 милијарди евра…

Европската комисија денес соопшти дека предложила одблокирање…

Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…

Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…

Од јахти и приватни авиони до десетици…

Новиот унгарски премиер Петер Маѓар и неговата…

По 19 години стагнација: Минималната старосна пензија…

Од 1 јануари, најниската старосна пензија во…

Унгарија отвори кривична истрага за кредитот од…

Унгарските власти вчера соопштија дека отворија кривична…