Заев е врховен лидер на СДС, тоа се докажа синоќа на роденденот на партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека присуството на експремиерот Зоран Заев на роденденот на СДСМ значи дека тој се уште ги држи конците во партијата.
„Филипче, Димитријевиќ и СДС не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава. Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го уништи земјоделството, образованието, културата, човекот кој го оцрни образот, јазикот и идентитетот, аболицираниот криминалец Заев, дочекан од неговите лојалисти на чело со Филипче и Димитријевиќ како врховен лидер“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму посочуваат дека всушност Заев никогаш не бил повлечен од политиката, ниту од СДСМ.
„Заев не пет години, туку пет минути не е апстиниран од СДС и политиката, синоќа на роденденот на партијата дојде да покаже дека тој се уште е врховен лидер на СДС, и дека сите работат по негова насока. Последно во низата е договорот со српската опозиција за формирање на фронт преку генералниот секретар на СДС, Димитријевиќ. Се додека Заев е со СДС, тие немаат иднина. Граѓаните не забораваат“, стои во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев е врховен лидер на СДС, тоа…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагира дека присуството на експремиерот…
Филипче до Мицкоски: Не ти се плашиме
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната…
Мицкоски не ја коментира кривичната од СДСМ:…
Премиерот Христијан Мицкоски одби да ја коментира…
СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со…
СДСМ бара за најавата за отворање рудник…
Тренчевска: Цените растат, наместо за народот власта…
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, во дебатната…