Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш
Илјадници луѓе вчера излегоа на улиците на Прага на протести против деснопопулистичката влада на милијардерот и премиер Андреј Бабиш, јави ДПА.
Протестот го организираше движењето „Милион моменти за демократијата“, кое ја обвини Владата дека не прави доволно за зајакнување на националната безбедност и за борба против дезинформациите.
“Не треба да ја потценуваме опасноста што ја претставува Русија и да се правиме дека тоа нема никаква врска со нас“, изјави лидерот на движењето, Микулаш Минар.
Демонстрациите се одржаа на Староградскиот плоштад во Прага, каде учесниците вееја знамиња на Европската Унија, како и чешки и украински знамиња.
Организаторите ги повикаа гласачите во што поголем број да излезат на престојните локални и избори за третина од составот на Горниот дом на чешкиот Парламент, закажани за 9 и 10 октомври. Тие истовремено упатија повик до граѓаните да не гласаат за популистичките и екстремистичките партии.
Демонстрантите го критикуваа и можниот конфликт на интереси на Бабиш поради неговата поврзаност со голем деловен конгломерат, иако тој го префрли својот имот во труст.
Протестирачите се спротивставија и на плановите на Владата за финансирање на јавните медиуми со средства од државниот буџет.
Бабиш неодамна предизвика дополнителни реакции со изјави во кои ја доведе во прашање независноста на судството. Тој зборуваше за „мафија која по нарачка испраќа луѓе во затвор“ и за судии кои „донесуваат одлуки без докази“.
Здруженијата што ги претставуваат адвокатите и судиите реагираа остро, оценувајќи ги неговите изјави како напад врз судството
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата…
Илјадници луѓе вчера излегоа на улиците на…
Иран соопшти дека денеска очекува одговор од…
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…
Нов удар за глобалниот пазар на гас:…
Глобалната енергетска криза влегува во нова, чувствителна…
Бугарија ЕУ шампион во поскапувањето на дизел…
„Евростат“ објави дека во август 2026 година…
Од Исланд до Германија и Франција- Мицкоски…
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека при креирањето…