Ин мемориам: Почина Антон Андов, уредник на постпродукција на „Слободен печат“

t

На 55-годишна возраст вчера ненадејно почина Антон Андов, уредник на постпродукција и графика во „Слободен печат“.

Нашиот колега Антон остави белег во македонската продукција со својата богата професионална кариера. Тој претходно беше дел од екипите на А1 телевизија, Канал 5 телевизија и продукциите „Видео лаб“ и „Прва продукција“.

Погребот ќе се изврши утре, 18 април 2024, на Градските гробишта „Бутел“. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата „Бутел“, од 12 до 13 часот.

Неговиот ведар дух, колегијалност и исполнителност ќе останат засекогаш запаметени. Зад себе ги остави сопругата и двете деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“…

„Мислев дека регалот ќе падне врз мене“…

Генералштаб на Украина: Русите интензивно напаѓаат во…

Во изминатите 24 часа руските сили интензивно…

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат…

Причина за незадоволството кај работниците велат дека…

Тепачка во Драчево поради паркинг, едно лице…

Зачера во 16.15 часот во СВР Скопје…

Албанија: Македонците, Власите, Ромите и Египќаните бараат…

интеграција, МАЕИ, продолжува со напорите во новиот…