Касиерката држена како заложник 11 часа во Берлин е ослободена, а напаѓачот приведен
Германската полиција упадна во супермаркет во Берлин утринава околу 9 часот и 20 минути ставајќи крај на повеќечасовната заложничка драма откако синоќа пред завршувањето на работното време во супермаркетот влегол човек со нож, и цела ноќ како заложник ја држел касиерката внатре во продавницата. Според весникот „Билд“, полицајците го совладале осомничениот напаѓач со електрошокови утринава, пред да го уапсат.
И двајцата се здобија со полесни повреди и им беше укажана лекарска помош на самото место. Ангажирани беа и тимови за кризна интервенција. Не беше употребено огнено оружје, осомничениот беше уапсен со помош на уред за електрошок, објави полицијата во Берлин.
Касиерката во супермаркетот како заложничка била држена 11 часа и 20 минути. Очевидци велат дека тој наводно ѝ се заканил на жената со нож и ја држел заробена откако влегол во продавницата околу 22 часот синоќа.
Според германската новинска агенција ДПА, супермаркетот бил ограден неколку часа додека се одвивала операцијата.
Единица на специјалните полициски сили (SEK) била распоредена пред зградата, додека амбулантни возила, пожарникари и бројни полициски возила биле распоредени во готовност.
Останува нејасно дали осомничениот и жената се познавале.
Еден вработен за „Билд“ изјавил дека напаѓачот бил на касата, не сакал да ја стави стоката на лентата за да ја плати, а потоа одеднаш извадил нож.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Касиерката држена како заложник 11 часа во…
Германската полиција упадна во супермаркет во Берлин…
Во шума кај Берлин пронaјден мртов бизнисмен…
Градежниот претприемач Исмет К., кој беше киднапиран…
Берлин ја менува автомобилската индустрија со производство…
Германија се свртува од автомобили кон оружје…
Германија нуди еден милион евра за инфромации…
Федералната влада во Германија нуди награда од…
Маж од Либан, осомничен дека шверцува оружје…
Осомничен член на палестинското милитантно движење Хамас…