Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

t

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денес во одговор на новинарско прашање рече дека по изборите на 8 мај, како стандардна процедура, ќе има и избори во неговата партија.

Ова тој го искоментира како одговор на тоа дали ќе поднесе одговорност по големата разлика во првиот круг на претседателски избори помеѓу Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

– Кај нас статутот бара одржување на отчетен конгрес со анализа на резултатите и после да има избори во кој се бара изјаснување за избор на претседател на партијата како и други партиски органи како централен одбор, извршен одбор,потпретседатели и така натака,Тоа е стандардна процедура, рече Ковачевски.

Тој рече дека по изборите ќе се прават анализи на ниво на општинските организации, како и на ниво на извршниот и централниот одбор.

Во меѓувреме ги повика гласачите масовно да излезат да гласаат на претседателските и парламентарните избори што ќе се одржат на 8 мај.

– Граѓаните испратија јасна порака – таа порака ние јасно ја примивме, но со крената глава продолжуваме во вториот круг. Знам од што се незадоволни граѓаните, порача Ковачевски.

Тој додаде дека во негативен прилог во однос на изборниот резултат оделе серијата на глобални кризи и големата инфлација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за…

Како пратеник ќе барам посебни седници на…

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…