Македонија ја посетиле 741.446 туристи за 7 месеци
Македонија во првите седум месеци од 2026 година ја посетиле 741.446 туристи, при што е забележан раст на бројот на странските гости, соопшти Министерството за култура и туризам по повод 27 Септември – Светскиот ден на туризмот.
Од Министерството упатија честитки до туристичките работници, чинителите во туристичкиот сектор и граѓаните кои со својот труд, знаење, посветеност и гостопримство придонесуваат за развојот и меѓународната промоција на македонскиот туризам.
Меѓу најбројните странски туристи во Македонија во овој период биле гостите од Турција, Германија, Србија, Романија и Албанија.
Министерството наведува дека туризмот се препознава како значаен фактор за економскиот и општествениот развој на државата, а како приоритети ги посочува вреднувањето и промоцијата на културното и природното наследство, развојот на квалитетни и одржливи туристички производи и услуги и примената на современи дигитални решенија.
Од Министерството посочуваат дека позитивните движења во туристичкиот сектор се поттик за продолжување на активностите за негов одржлив развој, унапредување на туристичката понуда и континуирана промоција на Македонија како туристичка дестинација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…