Македонски државјанин убиен во Германија

t

Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија е застрелан и убиен во Берлин во раните утрински часови во понеделникот, јавуваат германските и албанските медиуми

Убиството се случило околу 2:40 часот на раскрсницата меѓу улиците „Планетенштрасе“ и „Зоненалее“ во берлинската населба Нојкелн.

Берлинската полиција официјално потврди дека биле испукани повеќе куршуми кон 27-годишниот маж. Тој бил тешко погоден, а полицајците и екипите на Итната помош веднаш започнале со реанимација. И покрај обидите да му го спасат животот, младиот човек починал на местото на настанот.

Според информациите што ги пренесуваат регионалните медиуми, жртвата потекнувала од Радуша. Се наведува дека двајца мажи го следеле 27-годишникот, по што кон него биле испукани повеќе куршуми. Еден од куршумите, според медиумските извештаи, го погодил во пределот на главата.

Напаѓачите веднаш по пукањето побегнале и сè уште се бараат. Германските власти засега официјално не соопштуваат детали за нивниот идентитет.

На местото на убиството бил извршен детален увид, а истражителите ги обезбедувале и анализирале пронајдените чаури. Според медиумските информации, за документирање на местото бил користен и 3Д-скенер.

Случајот го презеде Петтата комисија за убиства при берлинската криминалистичка полиција, по налог на Обвинителството во Берлин. Мотивот за убиството засега не е познат, а истрагата треба да утврди и дали во нападот биле вмешани повеќе лица.

Берлинската полиција во официјалното соопштение не го објави идентитетот на жртвата, ниту дополнителни информации за можната заднина на убиството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски државјанин убиен во Германија

Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…

Паника во источна Германија: Полицијата деактивираше 21…

Обвинителството во источната германска покраина Саксонија во…

Убедлива победа на АфД во Саксонија Анхалт…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) оствари убедлива победа на покраинските…

Германската крајна десница АфД убедливо победи во…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои убедлива…

Германија воведува „сајбер-купола“ и ја зајакнува одбраната…

Германија планира да воведе обемен пакет мерки…