Мицкоски вели дека трезорот може да не се затвори на 15 декември, одлуката на Министерство за финансии го демантира!

t

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кажа дека трезорот нема да биде затворен на 15. декември, туку дека е добро сите до 15. декември да ги достават сите тековни потребни. Тој напомена дека ќе има К-15 во сите државни институции.

Не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември датум кога сите институции е добро да ги достават сите тековни потреби, расходи и сите средства кои треба да се пренесат до доверителите, и дека ќе имаме толеранција. Но, идејата е да работиме со план, да имаме свесност и дека е потребно сето тоа да биде реализирано на време и да имаме некоја навика, тоа е суштината. Годините наназад, минатата година првпат имав такво искуство, некако како во 5 до 12 се се случуваше, и некако физички некако трезорот не можеше некако тоа да го сработи. Навремено да ги испланираме активностите, за да не ни се случи 5 до 12 сите нагрнеме таму. К-15 во државните институции ќе има, рече Мицкоски.

Но, во одлуката на Министерството за финансии не стои дека постои можност за толеранција, туку се наведува дека „барањата за плаќање потребно е да се достават до трезорските канцеларии најдоцна до 15.12.2025 година“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…

Мицкоски на родителите им барал да му…

Родителите на починатите деца во пожарот во…