Мицкоски: Владата е избрана со мандат од четири години, но можни се предвремени избори

t

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори дека владата е избрана за мандат од четири години, но е подготвен за избори. Опозицијата, посочи во секое време може да поднесе барање за избори.

„Мојот став е јасен, ние сме влада избрани за мандат од 4 години и тука немаме никаква дилема и исто така неколку пати сум го повторил во јавноста дека здружената опозиција Левица, ДУИ, СДСМ можат секое време да поднесат барање. Политичар без разлика дали е во власт или во опозиција, без разлика, треба секогаш да ја подготвен за избори затоа што не се знае кога може да се да се случат.“, посочи Мицкоски којшто го образложи со актуелниот овој момент.

„Еве сега имаме избори поради, за жал, трагично завршен живот на градоначалникот на Брвеница, во Брвеница. Не се знае што се може да се случи. Во политиката никогаш немојте да кажете никогаш. Но она коешто во моментот е моја порака е дека работиме за мандат од 4 години како коалициона влада во којашто се политичките партии ЗНАМ и ВЛЕН.“, одговори Мицкоски на гостувањето на телевизијата Алсат М.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Владата е избрана со мандат од…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување…

Голем удар врз руската технологија: Дронови погодиле…

Војната меѓу Русија и Украина влезе во…

Мицкоски со порака од Брвеница: Ако се…

„Доколку ние, луѓето кои што ја сакаме…

Нов вандалски чин во Влае: Пешачкиот премин…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…

Андоновски: Личната карта и возачката дозвола ќе…

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во…