Мицкоски: Наскоро започнува изградбата на „брзата железница“ – Нови инфраструктурни проекти без кредити и донации

t

Изградбата на „брзата железница“ на Коридорот 10 се очекува да започне со поставување камен-темелник кон крајот на оваа година или на почетокот на следната, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека студијата за изводливост е завршена, проектот е во фаза на ревизија, а финансирањето веќе е обезбедено и наскоро ќе биде јавно објавено. Мицкоски додаде дека не очекува никакви пречки поради промените во британската Влада.

„Не очекувам да имаме никакви турбуленции поради промените во британската влада. Сепак, станува збор за сериозна држава и институциите не се менуваат лесно, ниту приоритетите во однос на персоналот во владата“, изјави Мицкоски.

Премиерот зборуваше и за гасниот интерконектор со Грција, кој се очекува да биде завршен во првата половина од следната година. Паралелно, се реализираат и три нови домашни гасоводни проекти и една линија кон Косово. Тој нагласи дека сите проекти се спроведуваат со сопствени средства, без кредити, заеми или донации.

„Во првиот квартал од следната година очекувам целосно синхронизирање на нашиот национален гасовод со грчкиот. Веќе од НОМАГАС е распишан интерконекторот со Србија, сè што зборуваме се реализира и го правиме со сопствени средства. Немаме кредити, немаме заеми, немаме донации, немаме грантови, туку со домашна работа, со наши средства го реализираме“, изјави Мицкоски, додавајќи дека се планира гасоводот да ги поврзе Велес и Штип, потоа Гостивар и Кичево, како и крак кој пред Тетово ќе се насочи кон Косово, при што идната одлука за развојот на трасата на косовска територија ќе ја донесе тамошната Влада.

Во однос на останатите проекти во рамки на Стратешкиот договор со Обединетото Кралство, Мицкоски истакна дека можно е во здравствениот сектор да се излезе од рамката на британските гаранции и да се оди директно со кредитори, доколку, според анализите, се покажат поповолни услови за изградба на болниците во Штип, Кичево и Тетово, како и за објекти во Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…