Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од премиерот Мицкоски

t

Јавната обвинителка Ленче Ристоска реагира на наводите што премиерот Христијан Мицкоски ги изнесе во неодамнешното интервју за „Вечер.мк“ во кое говорејќи за актуелни теми поврзани со законите за правосудството и предлог-измените на Кривичниот законик, ја нарекува „медиокритет“ и потврдно одговара на констатацијата на новинарката дека станува збор за „клиентелистичко-политичка мартица“. Мицкоски не ја спомнува со име обвинителката, но од содржината на изјавата е јасно дека станува збор за неа, објави 360 степени.

„По однос на интервјуто на претседателот на Владата на Република Северна Македонија за порталот ‘vecer.mk’, во кое за мене беа изнесени навреди и неосновани професионални дисквалификации, презедов соодветни институционални и лични чекори за заштита на мојата чест, углед и професионална самостојност.
Имено, во интервјуто претседателот на Владата изнесува неточни и понижувачки вредносни судови, имплицирајќи дека сум ‘медиокритет’ со ‘клиентелистичко-политичка матрица’, а дополнително ме поврза и со целосно измислени тврдења за изјави кои не сум ги дала, со очигледна тенденција да се доведе во прашање мојот професионален интегритет“, вели обвинителката Ристоска.

Барањето за јавно извинување и повлекување на спорните наводи таа писмено го доставила до премиерот. Истовремено, доставила и писмено известување до Советот на јавните обвинители, во кое укажува дека со ваквиот јавен говор од премиерот се нарушува нејзината самостојност како јавен обвинител.

Обвинителката вели дека изјавите на премиерот ги доживува како несоодветен притисок врз нејзината работа.

„Нагласувам дека во моменталните околности, претседателот на Владата е и претседател и законски застапник на политичката партија која е опфатена во кривични постапки во кои јас постапувам како јавен обвинител, и има јасен правен интерес од нивниот исход. Поради тоа, овие изјави ги доживувам како несоодветен притисок врз мојата работа и обид да се влијае врз моето постапување и одлучување“, наведува Ристоска.

Инаку обвинителката Ристоска го застаува предметот ,,Талир 2″, а во кој е замрзнат сиот партиски имит на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со партиското седиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Скопје се гуши, Мицкоски и неговите…

Скопје со денови е задушено во чад.…

Ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот…

Скопје е задушено во чад поради горењето…

Филипче: Граѓаните во Скопје се гушат, Мицкоски…

Скандалозна е изјавата на премиерот Мицкоски за…

Се заваруваат сите шахти на трасата каде…

Сите шахти на трасата каде поминува Премиерот…

Мицкоски на родителите им барал да му…

Родителите на починатите деца во пожарот во…