Османи предничи пред кандидатот на „Вреди“ во 16 општини, Таравари води во Гостивар и Теарце

t

Претседателскиот кандидат на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, Бујар Османи, има предност во 16 општини во земјава во однос на Арбен Таравари, кандидат на коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците.

Ова го покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК) со обработени 99,85 отсто избирачи.

Битката меѓу Османи и Таравари се водеше главно во општините во Западна Македонија, каде што доминира етничко албанско население. Според податоците на ДИК, Османи бележи предност наспроти Таравари во 16 општини и тоа: Чаир, Сарај, Арачиново, Шуто Оризари, Студеничани, Липково, Боговиње, Пласница, Врапчиште, Дебар, Тетово, Центар Жупа, Струга, Кичево, Долнени и Желино.

Од општините каде што освоил повеќе гласови од Таравари, најтесна е разликата во Тетово. Таму, според 99,85 отсто обработени избирачи, Османи освоил 14 726 гласа, а кандидатот на „Вреди“ 14 030 гласа.

Во Арачиново Османи освоил 1 841 глас наспроти Таравари со 1 093 гласа. Во Општина Желино кандидатот на „Европскиот фронт“ освоил 3 500 гласови, а кандидатот на опозициските партии на Албанците 3 195 гласа.

Разликата во освоени гласови е помала и во Долнени. Османи таму освоил 1 846 гласови, а Таравари 1 324 гласа.

Речиси 6 000 гласа разлика во освоените гласови на Османи и Таравари има во Кичево. Кандидатот на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ во оваа општина освоил 8 040 гласови, а Арбен Таравари 2 055 гласа. Во Струга, пак, Османи добил 8 073 наспроти 3 374 гласа освоени од Таравари.

Во апсолутни бројки, претседателскиот кандидат на „Европскиот фронт“, Бујар Османи, освоил 120 903 гласови, а кандидатот на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, 83 356 гласови според обработени 99,85 отсто од избирачите.

Една од двете општини во која Арбен Таравари има предност пред Османи е во општината каде што тој е актуелен градоначалник – Гостивар. Таму, според речиси целосно обработени податоци на Државната изборна комисија, Таравари освоил 9 895 гласови, а Османи 75 помалку, односно 9 820 гласа.

Таравари води пред Османи и во Теарце. Таму освоил 3 595 гласа, односно 41 повеќе од 3 554-те гласови на Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српските телевизии ја прекинаа програмата во сеќавање…

Сите телевизии во Србија ја прекинаа програмата…

(Видео) Оро на Прешево, Србите кои чекаа…

Празничниот продолжен викенд создаде долги колони на…

Кавга меѓу Шпанија и Аргентина- сѐ почнало…

Неговата изјава доаѓа откако шпански министер навестил…

Шефот на британската дипломатија: Испраќањето НАТО војници…

Министерот за надворешни работи на Британија Дејвид…

Лајчак: Вучиќ и Курти имаат мандати за…

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот…