Петрова и Муцунски во четврток ќе се сретнат во Софија
Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова, во четврток ќе имаат можност да одржат билатерална средба во Софија.
Како што објавуваат бугарските медиуми, на 8 октомври бугарската престолнина ќе биде домаќин на меѓународна министерска конференција посветена на Коридорот 8.
Домаќин на форумот ќе биде бугарската министерка за надворешни работи Петрова-Чамова, а на конференцијата ќе учествува и нејзиниот македонски колега Тимчо Муцунски.
Во рамки на конференцијата е предвидена и билатерална средба меѓу двајцата министри, како дел од тековниот дијалог меѓу Македонија и Бугарија.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Македонија испратила нота до Софија со барање за билатерална средба, но дека досега не е добиен официјален одговор од бугарска страна.
Темата за директен дијалог меѓу двете земји повторно се актуализираше и по посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје, кога таа повика на средба на високо ниво меѓу Македонија и Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…