По 11 години застој, Охрид ќе го добие затворениот базен: Обезбедени 470 милиони денари

t

По речиси 11 години од почетокот на изградбата, затворениот базен во Охрид конечно треба да биде довршен. Владата на денешната седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и завршување на проектот, чија реализација започна уште во 2015 година, соопшти Министерството за спорт.

За целосно завршување на објектот се обезбедени 470 милиони денари.

Од Министерството посочуваат дека станува збор за еден од најзначајните спортски инфраструктурни проекти во Охрид, кој речиси 11 години останал незавршен.

По преземањето на надлежностите, Министерството спровело детална анализа и ревизија на проектот за да се утврдат техничките, финансиските и административните пречки што го оневозможувале неговото завршување.

Како резултат на ревизијата биле преземени конкретни мерки, меѓу кои и неопходна измена на основниот проект, со што се создаваат услови градежните активности повторно да продолжат.

„По повеќе од една деценија неизвесност и застој, еден од најголемите спортски инфраструктурни проекти во државата добива јасна перспектива за конечно завршување“, наведуваат од Министерството за спорт.

Оттаму додаваат дека нема да дозволат затекнатите проблеми да бидат причина капиталните спортски објекти да останат незавршени и дека ќе продолжат да бараат решенија за проектите кои со години се во застој.

Затворениот базен, според Министерството, ќе има значење не само за Охрид, туку и за развојот на пливачките спортови во целата држава. Неговото завршување треба да обезбеди современи услови за тренинг, развој на младите категории и организирање спортски натпревари.

Од Министерството за спорт изразија благодарност до Владата и премиерот Христијан Мицкоски за поддршката за продолжување на проектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 11 години застој, Охрид ќе го…

По речиси 11 години од почетокот на…

МПЦ-ОА се спротивстави на кратење на неработните…

Македонската православна црква – Охридска архиепископија се…

Ѓоковиќ ја освои 102. титула во кариерата…

Новак Ѓоковиќ ја освои 102. АТП титула…

Посвоените бараат пристап до своето потекло: „За…

Посвоените лица во Македонија треба да добијат…

ФЗО: Боледувањето не се скратува, матичниот лекар…

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување…