Пресека заминува во историја, за најмалку два месеци се пушта најтешката делница на автопатот Кичево-Охрид за Ботун, се буши 24 метри во длабочина

t

За најмногу два месеци во сообраќај ќе биде пуштена технички најкомплексната делница од автопатот Кичево – Охрид, на потегот меѓу селото Извор (Кичево) и селото Врбјани (Дебарца), со што целосно ќе се одбегнува планинскиот превој Пресека. Ова го најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во „Вечерното шоу“ на ТВ Алфа.

Како што појасни Николоски, станува збор за градежно најтешкиот потег реализиран на македонската патна мрежа, кој опфаќа вијадукти, мостови, четири галерии и двата најдолги тунели во државата, објави 4news.mk

„Едната тунелска цевка е со должина од 1.990 метри, а втората изнесува 2.100 метри. Опремени се со најмодерна технологија за рано предупредување од пожари, регулација на сообраќајот, огноотпорни врати и специјални вентилатори. Со пуштањето на овие десетина километри за помалку од два месеци, возачите повеќе нема да го користат стариот пат преку Пресека“, истакна Николоски.

Според ресорниот министер, на трасата досега се целосно завршени 37 километри, од кои 34 километри веќе се ставени во функција. По отворањето на делот кај Пресека, преостануваат уште сегментите над Кичево и критичната точка кај селото Ботун, чие финализирање се очекува во првата половина на следната година.

Специјални машини кај Ботун: Над 5.000 шипови за стабилизација на земјиштето

Паралелно се решава и проблемот со порозното тло и подземните води кај селото Ботун. Заради специфичноста на теренот, ангажирана е специјална механизација од странство.

„Земјиштето кај Ботун има огромно количество подземни води. За да се обезбеди трајна стабилност на автопатот, се спуштаме дури 24 метри во длабочина — што е висина колку трикатна зграда. На таа длабочина се поставуваат над 5.000 шипови од армиран бетон и железо. Бидејќи таква механизација немаше во државата, обезбедивме пет специјални машини од странство, од кои две веќе работат, а уште три пристигнуваат“, нагласи Николоски, додавајќи дека во вторник министерството на терен ќе одржи детална презентација на овој градежен зафат.

Николоски заклучи дека иако проектот се влечеше со години, со интензивирањето на работите од октомври 2024 година, целата траса од 57 километри автопат ќе биде завршена за две и пол години реална работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресека заминува во историја, за најмалку два…

За најмногу два месеци во сообраќај ќе…

Владата го намали ДДВ-то за горивата: Се…

Владата на денешната седница, донесе Одлука со…

(Видео) Трамп остро до Зеленски: Престанете да…

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика украинскиот…

Експертите предупредуваат: 5 работи што никогаш не…

Користењето на ChatGPT и другите чет-ботови со…

Конгресмен од Висконскин се спаси со пливање…

Американскиот конгресмен од Висконсин, Том Тифани, помина…