„Пулс“: Одржани 49 рочишта, изведени 1.390 материјални докази, сослушани 45 сведоци и пет вешти лица
Од почетокот на судењето за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, досега не е одложено ниедно рочиште.
Досега се одржани вкупно 49 рочишта, од кои 40 се годинава, а до крајот на 2026 се закажани уште 15 рочишта, информираа денеска на брифинг во Основниот кривичен суд Скопје
На 14 септември заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. Изведени се 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица.
Од 1 октомври се продолжува со изведување докази на одбраната, а најавени се 244 сведоци.
Притворот на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко законски истекува на 3 октомври, а одбраната веќе најави дека ќе поднесе гаранција во имот од речиси 200 илјади евра, иако тоа не е задолжително.
Судот, како што посочија на денешниот брифинг во Кривичен, без мислење од Обвинителството не може да донесе одлука.
– До денеска не се вратени од ОЈО. Нема мислење и ние не можеме да одлучиме. На 3 октомври истекува. Ќе почекаме до петок – информираа на брифингот во Кривичниот суд.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Пулс“: Одржани 49 рочишта, изведени 1.390 материјални…
Од почетокот на судењето за случајот со…
ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО ПРИЛЕП: Претреси на околу…
Неофицијално, Прилеп од рано утрово е под…
Како Хутите можат да предизвикаат глобална економска…
Додека се прават дипломатски напори за завршување…
Со изведување докази продолжува судењето за „Државна…
Со изведување на материјалните докази од страна…
MAФИЈАШКА ЕГЗЕКУЦИЈА ПРЕД ДОМОТ НА БИЗНИСМЕНОТ: Филипов,…
Претседателот на фудбалскиот клуб Ботев, Илијан Филипов,…