Објавено на:

Радев ја брани Русија: Дали Европа не провоцира со оружје со долг дострел?

t

Бугарија соодветно реагирала на случајот со дронот со прикачен експлозив, откриен во близина на украински товарен авион на германскиот аеродром во Лајпциг, изјави бугарскиот премиер Румен Радев.

„Бугарското Министерство за надворешни работи беше едно од првите што реагираше и реагираше соодветно. Ние категорично го поддржуваме нашиот сојузник“, рече премиерот.

Сепак, според Радев, до Бугарија сè уште не се доставени конкретни информации од безбедносните служби кои би потврдиле вмешаност на Москва во случајот.

Во исто време, тој посочи дека германските власти ги поврзуваат откритијата околу дронот со Русија.

„Врз основа на откритијата поврзани со овој дрон се доаѓа до заклучок кој упатува на руски хибриден напад“, додаде Радев.

Бугарскиот премиер случајот го оцени како „сложен“ и „исклучително загрижувачки“ и изјави дека се согласува со оценката на претседателката на Европската комисија и генералниот секретар на НАТО, кои дејствијата на Русија ги опишуваат како „безобѕирни“.

Сепак, Радев потоа постави прашање што ги надминува рамките на конкретниот случај со дронот и директно се однесува на европската поддршка за Украина.

„Дали не е безобѕирно дејствие водечките европски држави да испраќаат оружје со долг дострел, со кое се напаѓа руската територија на илјадници километри во длабочина – оружје произведено во Европа, со користење информации од Европа и инструктори од Европа? Дали и тоа не е безобѕирно?“, праша премиерот.

Радев потоа ја разви својата теза со прашањето како би реагирала Русија доколку биде нападната длабоко на својата територија.

„Да процениме сами, да не ги затвораме очите. И што можеме да очекуваме кога со нашето оружје со долг дострел се напаѓа длабоко во заднината на друга држава? Дали таа ќе стои мирно или ќе возврати? Еве го големото прашање“, рече тој.

Премиерот ова го поврза со својата поширока оценка за војната во Украина. Според него, Западот се стреми кон конвенционална победа над Русија, без доволно да ги земе предвид нејзиниот нуклеарен потенцијал и развојот на хиперсоничното оружје.

„Тоа што колективниот Запад се обидува да постигне конвенционална победа над Русија – конвенционална, без да го земеме предвид фактот дека таа е најголемата нуклеарна сила и дека не можеме да им се спротивставиме на нејзините хиперсонични оружја“, истакна Радев.

Според него, токму таквата политика го зголемува ризикот од проширување на конфликтот.

„Тоа го зголемува ризикот. И мислам дека Европа конечно треба да почне да го пресметува ризикот“, оцени бугарскиот премиер.

Затоа Радев повика на преговори меѓу страните во конфликтот.

„Треба што поскоро да се седне на преговарачка маса, бидејќи оваа војна го проширува својот просторен опфат, а ризикот расте со секој изминат ден“, порача тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев ја брани Русија: Дали Европа не…

Бугарија соодветно реагирала на случајот со дронот…

Путин: Има можност за склучување мировен договор…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека постои…

Медведев ѝ се закани на Германија со…

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…

Иранскиот претседател му се заблагодари на Путин…

Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател…

Русите во јуни префрлиле рекордни 321 милијарда…

Во јуни Русите префрлиле 321 милијарда рубљи…