Рама: Џо Бајден го изневери Хашим Тачи
Премиерот на Албанија – Еди Рама, изјави дека поранешниот американски претседател Џо Бајден го изневери Хашим Тачи, кој беше осуден на 25 години затвор од Судот во Хаг.
За време на својот говор на собир во Њујорк, на гала-вечера организирана од Советот за албанско-американски односи, Рама рече дека САД треба да направат повеќе за четворицата поранешни лидери на ОВК, кои од Хаг беа осудени на вкупно 81 година затвор.
„Дозволете ми да кажам неколку зборови без долг говор. Најпрво сакам да им се заблагодарам на Илир и Мартин за оваа дарежлива покана. Им се извинувам на сите што можеби се чувствуваат малку запоставени, но можам да кажам дека најдоброто нешто што можеше да ми се случи денес беше тоа што седев до кумот на албанската заедница, г-дин Сал Русија“.
„Кога зборувам за Сал Русија и неговото семејство, тагувам поради отсуството на некој што секогаш беше поканет во неговиот дом – тој е во својот дом. Тоа е Хашим Тачи; тој не е овде со нас бидејќи оваа земја го изневери. Бидејќи Џо Бајден, кој го нарече „Џорџ Вашингтон на Косово“, го изневери. Иако генералот Кларк и некои други луѓе направија сè што можеа, оваа земја не го направи најдоброто за Хашим Тачи“.
„Кога велам „изневери“, тоа е затоа што ние, како мала земја, се чувствуваме како пријатели со САД – најголемата и најсилната земја. Можеше да се направи повеќе, доколку не се дозволеше да започне оваа фарса. Генерале, Ви благодарам за сè што направивте во ваше лично својство“, рече Рама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мамдани му одговори на Нетанјаху: Налогот за…
Конфликтот меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и…
Рама: Џо Бајден го изневери Хашим Тачи
Премиерот на Албанија – Еди Рама, изјави…
Mицкоски: Малите држави не можат да си…
Малите држави не можат да си дозволат…
Автобус излетал од патот кај Тетовско Стенче…
Автобус денеска излетал од патот во близина…
Mицкоски директно до Брисел: Не бараме полесен…
Македонија нема да се откаже од членството…