САД нападнаа ирански ракетни фрлачи во Ормускиот Проток, Иран врати со напад на американска база во ОАЕ!

t

Американската војска извршила нови напади врз ирански ракетни фрлачи во Ормускиот Теснец, објави Асошиејтед прес, повикувајќи се на американски претставник.

Неименуваниот претставник, кој зборувал под услов да остане анонимен, изјавил дека припадници на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) биле забележани како се подготвуваат да лансираат ракети со поморски мини во Ормускиот Проток.

ИРГЦ во соопштение потврди дека нападите го погодиле островот Ларак, при што има неодреден број жртви, објави иранската агенција Фарс.

ИРГЦ исто така предупреди дека нападот ќе биде „проследен со одмазднички одговор“.

Ова се првите американски воени дејствија во Ормускиот Теснец во последниот месец.

Командантот на американската Централна команда, адмирал Бред Купер, претходно оваа недела соопшти дека иранските поморски мини биле „успешно отстранети“ од меѓународните пловни коридори во Протокот.

Ормускиот Теснец е клучна точка за транспортот на енергенси и низ него вообичаено поминува околу една четвртина од светската поморска трговија со нафта. Иран фактички го затвори пловниот пат по американските и израелските напади кон крајот на февруари, а оттогаш прашањето стана една од главните точки на несогласување во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран.

Во меѓувреме, иранската војска соопшти дека рано утрово извршила напад со дронови врз воздухопловната база Ал Минхад во Обединетите Арапски Емирати, објави иранската државна телевизија, повикувајќи се на соопштение на армијата.

Според иранската војска, нападот бил насочен кон локации на базата каде што биле распоредени американски сили и хеликоптери.

Иранската страна соопшти дека нападот бил одговор на убиството на припадници на Иранската револуционерна гарда и ирански цивили на островот Ларак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД нападнаа ирански ракетни фрлачи во Ормускиот…

Американската војска извршила нови напади врз ирански…

Кремљ: Самитот Путин-Трамп-Зеленски е можен само за…

Самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин, американскиот…

САД постигнаа договор со Венецуела за контрола…

САД постигнаа договор со Венецуела за контрола…

Американската армија уништи брод на наркокартел во…

Американската армија соопшти дека уништи брод, што…

САД создаваат нова Космичка академија по моделот…

Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша извршна…