Саудиска Арабија доби воена помош од Пакистан
По ескалацијата на конфликтот во Јемен, Пакистан испрати воена помош во Саудиска Арабија, јави Германската новинска агенција (ДПА) повикувајќи се на неименувани извори од Исламабад.
Пакистански единици, вклучително систем за воздушна одбрана, борбени авиони и копнени трупи, веќе се стационирани во Саудиска Арабија во рамките на долгогодишно воено партнерство.
Новата воена помош, според неименуваните извори, се состои од артилериски системи, беспилотни летала и системи за одбрана од беспилотни летала.
Саудиска Арабија во август потпиша трилатерален договор со Пакистан и Турција, според кој секој вооружен напад врз една од трите држави се смета за напад врз сите три сојузници.
Разузнавачките извори во Пакистан предупредија дека Пакистан и Турција ќе станат „активни“ во конфликтот ако Хутите ја блокираат теснината Баб ал-Мандаб.
– Нашата морнарица ќе дејствува ако Хутите се обидат да ја задушат теснината Баб ал-Мандаб. Ќе дојдат и Турците, изјави пакистански разузнавач за ДПА.
Портпаролот на пакистанската армија, генерал-мајор Ахмед Шариф денеска посочи дека неговата земја ќе направи сè за да ја одбрани Саудиска Арабија. Но, тој не наведе детали.
Хути, поддржана од Иран, минатата недела во молскавична офанзива го зазедоа западниот брег на Јемен, добивајќи пристап до стратешки важната теснина Баб ал-Мандаб, на влезот во Црвеното Море. А, Саудиска Арабија повторно е нападната од Хутите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Саудиска Арабија доби воена помош од Пакистан
По ескалацијата на конфликтот во Јемен, Пакистан…
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Четири тела пронајдени во запалено возило во…
Јагленосани тела на четири мажи беа пронајдени…
(Видео) Најмалку 15 полицајци загинаа во самоубиствен…
Најмалку 15 полицајци загинаа во самоубиствен напад…